Армијата на Република Македонија оваа година конечно да го земе своето заслужено место како официјален дел од НАТО, порача претседатеот Ѓорѓе Иванов, кој како врховен командант на вооружените сили денеска во првиот ден од Новата година ја посети касарната во Кичево.
„Очекуваме оваа година да биде успешна за Армијата, односно Армијата да го добие тоа што и припаѓа, конечно да станеме членка на НАТО, да ја добиеме поканата и Македонија конечно да биде членка на НАТО”, истакна претседателот Иванов, кој имаше заеднички ручек со припадниците на АРМ во касарната „Чеде Филиповски-Даме”.
Потсети дека Среќна нова година преку видео-врска им е посакана на мировните мисии во Авганистан, Либан и БИХ, а Иванов додаде дека македонските граѓани треба да бидат сплотени секојдневно преку целата година како што тоа го прават за празниците.







