По синоќешната тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово, откажани се културните настани кои беа најавени за 14-ти и 15-ти февруари.
Македонскиот народен театар (МНТ) соопшти дека мјузиклот „Мама миа“, кој беше планиранo да се изведе по повод денот на виното и вљубените – 14 февруари, се откажува.
Концертот на Македонската филхармонија „Моја љубов“, што требаше да се одржи вечерва, се одложува за 18 февруари во 20 часот.
Првиот од двата концерти на Каролина со Македонската филхармонија е презакажан од 15-ти за 17 февруари. Вториот концерт останува в сабота, на 16 февруари.
Претставите во Драмски театар кои требаше да се одржат денеска и утре, „Партија реми“ и „Крал Иби“, се откажани.







