Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: „Алтерантива“ и ДПА согласни да се најде заеднички кандидат за претседател
Македонија

Заев: „Алтерантива“ и ДПА согласни да се најде заеднички кандидат за претседател

февруари 19, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Алтерантива“ на Африм Гаши и ДПА на Мендух Тачи се согласни да продолжи процесот за изнаоѓање заеднички кандаидат за претседател на државата. Ова вечерва го изјави премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев во Клубот на пратеници, по средбите со лидерите на овие две политички партии.

„Денешната средба со Африм Гаши од „Алтернатива“ вроди со плод зашто веруваат дека ова е од полза на граѓаните. Идниот претседател ќе биде еднаков пред сите граѓани, ќе биде претседател кој ќе им служи поднеднакво на сите. Верувам дека уште од самиот почеток водење анализа, правење селекции и вршење избор на кандидат зад кој би застанале сите ние, претставниците на граѓаните преку политичките субјекти кои ги водиме ќе даде резултат, рече Заев.

Рече дека Тачи, исто така, даде позитивно светло да ги продолжиме процесите со напори сите заедно да изнајдеме заеднички кандидат. Најави дека сите истражувања и анализи кои ги имаат направено ќе ги споделат.

„Некои од партиите имаат и свои анализи за да можеме до крајот на неделата да заклучиме дали воопшто кај сите партии или кај дел од партиите постои амбиент за градење концепт за заеднички кандидат за претседател зад којшто сите ќе застанеме. Ако поприлично успееме во таквиот процес, јас се надевам дека и опозициските Алијанса за Албанците, со која утре имаме средба, а в четврток со Беса и со Билал Касами, се надевам дека има шанси позитивно да се изјаснат за оваа работа, секако ќе го почитуваме секое нивно изјаснување би било логично на почетокот на идната недела да почнеме веќе околу одредени имиња, на номинирање од сите партии подеднакво, рече Заев.

СДСМ идната недела ќе ги разгледува сите анализи и анкети за, како што рече, „да добие повратни информации од сите политички партии за да можеме и ние да ја носиме својата одлука за кандидатот зад кој ќе застанеме како политички субјект, но и како севкупни политички партии“.

„Останувам оптимист дека ова е вистинскито начин на пристапување на вака сериозен процес како што е изборот за претседател на државата. Верувам дека овој процес ќе биде еден нов квалитет во севкупниот живот на сите граѓани на Република Северна Македонија, но ќе биде и од огромна помош за периодот и процесите кои претстојат пред нас, рече Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање, Заев рече дека не постои некое големо разграничување на партиски и натпартиски кандидат, а повеќе од политичките партии се изјаснуваат за самите личности, но тоа се само мислења на лидери на партии. Сите тие, вклучително и ние, како што рече, ќе се вратиме во органите и телата на политичките партии каде со длабински анализи веројатно со одговорноста како тоа граѓаните ни испраќаат пораки преку анкетите кои ги имаме направено ќе значи и процесот на оформување на мислењето.

Додаде  дека досега разговарале со 22-23 коалициски партнери. Заев рече дека сите гледаат на кандидатот навистина да биде поддржан од огромно мнозинство граѓани, да има еднаква поддршка од сите етнички заедници, и по социјална и по старосна структура, и генерално да има поддршка и од младите, од повозрасните и од старата генерација.

„Рано е да кажеме имиња. Мене ми е драго што дел од кандидатите се секако и од СДСМ, имаат одговорност за еден ваков концепт, но и за градење единството. Се надевам дека процесот на пристап преку заеднички кандидат ќе даде добар плод кој ќе биде од интерес на сите граѓани и на Република Северна Македонија, посочи Заев.

Прашан дали би прифатиле кандидат за претседател кој не е од СДСМ, Заев одговори дека секое име е вредно за разгледување, доколку има свои амбиции, а притоа да биде прифатлив.

„Затоа е многу рано да истрчуваме со тоа кој е прворангиран, а кој е второрангиран… Важно е што има амбиент за оваа работа. За мене е тоа сериозен исчекор, а вториот е да видиме која е таа личност. Постои таква личност или личности кои би не обединиле. Тоа е сериозен процес, може да биде и неуспешен. Но, јас верувам дека ако направиме напори заради државата и граѓаните може да имаме успешен процес, рече Заев.

актуелно ДПА Заев заеднички кандидат согласни
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.