Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Одбележување на Светскиот ден на водата
Скопје

Одбележување на Светскиот ден на водата

март 22, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Светскиот ден на водата денеска ќе биде одбележан со низа настани во државата. Ќе се одржат дебати, работилници и проекции на филмови, подводно ќе се чисти езерото
Матка, а ќе биде посетен и изворот Рашче.

Централниот настан ќе се одржи во Кинотека на Македонија во организација на Институтот за јавно здравје, а ќе присуствуваат производители на вода, ученици од основни и средни училишта, студенти, пензионери и претставници на институции.

Предвидена е презентација на активност која се однесува на екологијата, собирање на
пластична амбалажа и можноста за нејзино рециклирање. Ќе има и музичка програма.

Во рамки на програмата на ИЈЗ ќе се одржи проекција на филмовите на тема вода „Езеро од јаболка“ и „Водата“. Средствата кои ќе бидат собрани на настанот, како што информираат од ИЈЗ, ќе бидат донирани за лекување на дете со нарушена здравствена состојба.

По повод Светскиот ден на водата, спелео-нуркачкиот клуб „Врело“ и нуркачкиот клуб „Пена“ подводно ќе го чистат езерото Матка, а ќе се чисти и појасот долж кајакарската патека и патеката која води кон манастирот „Св. Никола Шишевски“. Во акцијата ќе се вклучи и заменикминистерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов и директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Душко Весковски ќе го посетат изворот Рашче и лабораторијата каде се вршат испитувања за квалитетот на водата за пиење, а на Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје ќе се одржи работилница на тема „Водата значи живот“.

Здружението на граѓани за промовирање на здрав начин на живот ,,Мое здравје”- Скопје вечер во малата сала на Домот на АРМ по повод Светскиот ден на водата организира дискусија на која се поканети факултетски професори, стручњаци од соодветната област, инженери-технолози, нутриционисти, а Здружението за третман на вода со поддршка на ЕУ во основните училишта во Струмица во рамки на културно-уметничкиот проект „Уметност и вода – магија на животот“ организира ликовна колонија со наслов „Нацртај ја водата“.

Вода одбележување светски ден
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

ХУМАНОСТА КАКО ТРАДИЦИЈА: „АЛКАЛОИД“ СО НОВА ДОНАЦИЈА ЗА ЗДРАВЈЕТО НА НАЈМЛАДИТЕ

септември 21, 2026

Street Food Picnic втор пат во Центар, три дена храна, музика и семејна забава

септември 18, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.