Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Брегзит одложен до 31 октомври
СВЕТ

Брегзит одложен до 31 октомври

април 11, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Лидерите на ЕУ на синоќешниот вонреден Самит во Брисел постигнаа договор за одлагање на британското истапување од Унијата до 31 октомври, со дополнително разгледување на ваквата одлука на средбата на врвот во јуни, објави на Твитер претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Тој информира дека и британската премиерка Тереза Меј се согласила со одлуката за одлагање на Брегзит за шест месеци.

„Земјите членки на ЕУ се согласија на флексибилно одлагање до 31 октомври. Тоа значи дека Обединетото Кралство добива дополнителни шест месеци за да најде најдобро возможно решение (за Брегзит), додаде Туск во објавата, потенцирајќи дека до пролонгираниот рок Лондон ќе може да осмисли своја стратегија за напуштање на Унијата.

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, пак, соопшти дека лидерите на ЕУ ја донеле ваквата одлука за да спречат Брегзит без договор.

„Ќе имаме Брегзит со договор, нагласи Јункер.

Ирскиот премиер Лео Варадкар по завршувањето на Самитот информира дека Меј се согласила Велика Британија да учествува на изборите за Европскиот парламент, закажани за во мај.

„Ако не го стореше тоа, датумот за напуштање (на ЕУ) без договор ќе беше 1 јуни, додаде Варадкар.

Одлуката на лидерите на ЕУ следи по барањето на Меј од минатата недела за одлагање на Брегзит до 30 јуни.

Меј, од своја страна, синоќа изјави дека и било тешко да побара ново одлагање на британското истапување од ЕУ, но дека сега Лондон добил јасен распоред за своите активности.

„Сега треба да забрзаме и да вложиме напори за постигнување консензус околу договорот (за Брегзит), бидејќи тоа е во наш национален интерес, изјави британската премиерка.

Меј нагласи дека нема да се преправа оти следните неколку недели ќе биде лесни и дека постои едноставен начин за излез од ќор-сокакот со усвојувањето на Договорот во британскиот Парламент.

Според Меј, доколку Долниот дом на британскиот Парламент го усвои Договорот за Брегзит најдоцна до 22 мај, тогаш Велика Британија нема да учествува на изборите за Европарламентот. Таа нагласи и дека сака Велика Британија да ја напушти Унијата што поскоро, но само со Договор.

Дипломатски извори информираа дека повеќето лидери учесници на Самитот во Брисел, вклучително и германската канцеларка Ангела Меркел начелно ја прифатиле идејата за одлагање на британското напуштање на блокот за една година, додека францускиот претседател Емануел Макрон изнел цврст став против подолгорочно одлагање на Брегзит.

Извори од Елисејската палата соопштија дека во ваквиот став Макрон не бил изолиран, бидејќи и други лидери се согласиле со него.

На претходниот Самит на ЕУ, одржан минатиот месец, лидерите на ЕУ решија дека доколку Парламентот во Лондон не го усвои Договорот за Брегзит, Велика Британија ќе мора да ја напушти Унијата в петок, на 12 април, на полноќ.

актуелно Брегзит одложен октомври
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.