Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ОБСЕ/ОДИХР/ПССЕ: Добро организирани избори, со мирен, уреден и транспарентен изборен ден
Македонија

ОБСЕ/ОДИХР/ПССЕ: Добро организирани избори, со мирен, уреден и транспарентен изборен ден

април 22, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Вчерашните претседателски избори беа добро организирани, а гласачите слободно можеа да направат информиран избор меѓу кандидатите. Изборите беа спроведени добро. Фундаменталните слободи на собир и изразување беа почитувани, а денот на изборите беше мирен, уреден и транспарентен.

Ова се заклучоците од меѓународните набљудувачи од мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, Парламентарното собрание на ОБСЕ и на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ). Тие, меѓутоа, се согласни дека се уште има голема потреба од реформи во Изборниот законик.

„Овие мирни генерално добро организирани избори покажаа дека може да се изнајде политички волја за одржување демократски избори, рече Серин Мобурн, специјална координаторка и шеф на краткорочната набљудувачка мисија на ОБСЕ.

Таа истакна дека овој конструктивен пристап мора да се задржи и во вториот круг, како и во иднина и подвлече дека ќе биде вложен вистински труд за усвојување на кохерентно изборно законодавство и конечно да се решат долгорочните предизвици.

Таа истакна дека од нивното мониторирање се заклучува дека јавниот радиодифузен сервис обезбедил непристрасно информирање што на гласачите им била дадена можност за информиран избор.

Мари-Кристин Дало, шеф на делегацијата на ПССЕ, се согласи дека изборите беа добро организирани и оти гласачите кои учествуваа на изборите можеа слободно да го направат својот избор. Таа, меѓутоа, изрази жалење што излезноста беше мала за претседателските избори.

„Зрело функционирање на политичкиот систем и реформа на изборното законодавство повторно ќе ги заинтересира граѓаните и ќе обезбеди нивно активно учество во изборот на шеф на државата. ПССЕ и Венецијанската комисија се подготвени да им помогнат на властите на Северна Македонија во спроведување на реформите, рече Дало.

Таа подвлече дека државните претставници внимавале да ја задржат одвоеноста меѓу службените и политичките активности и да избегнуваат користење државни ресурси во кампањата.

Шефот на ПС на ОБСЕ Рајн Холд Лопатка рече дека сите тројца кандидати се залагале за натамошна европска интеграција и дека во кампањата се расправало за суштински проблеми со дебати за нивните визии за иднината на земјата.

Тој го оцени како значаен напредок тоа што државните претставници не ги мешале политичките и службените активности. Според него, транспарентноста и ефикасноста на ДИК била отежната од техничка неисправност на нивните информациски системи што предизвикало сомнеж за безбедноста на информатичката технологија.

Шефицата на ОБСЕ/ОДИХР Корин Јонкер се согласи со нејзините колеги дека изборите беа добро спроведени и нагласи дека колку многу може да се постигне доколку постои политичка волја.

„Недоволно изедначено известување за средствата потрошени од страна на кандидатите, регулирањето на активностите за кампањата на трети лица и известувањето од страна на политичките партии кои ги поддржуваа кандидатите ја намали транспарентноста на финансирањето на кампањата и ефективноста на надзорот, рече Јонкер.

Таа истакна дека Државниот завод за ревизија од два извештаи за финансирање на кампањите објавил само еден на својата веб-сраница и смета дека на ДЗР треба да му се зголемат надлежностите со цел да може да истражува во оваа насока за да има транспарентно и отчетно финансирање на кампањите.

Меѓународните набљудувачи ги повикаа гласачите да излезат во вториот круг со цел да придонесат во одлуките за иднина на земјата.

Меѓународната мисија за набљудување на изборите се состои од 240 набљудувачи од 38 земји, меѓу кои и 189 долгорочни и краткорочни набљудувачи ангажирани од ОДИХР, 39 парламентарци и друг персонал од ПС на ОБСЕ и 12 од ПССЕ.

актуелно избори ОБСЕ ОДИХР пссе
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.