Во близина на црква во главниот град на Шри Ланка, Коломбо, која беше цел на напад на католички Великден, денеска експлодира комбе, во моментот кога припадници на специјална единица на полицијата се обиделе да деактивираат бомба која се наоѓала во него, јавува Ројтерс.
„Комбето експлодира кога двајца полицајци се обидоа да деактивираат експлозивна направа“, изјави очевидец.
Портпаролот на силите за безбедност не бил во можност да даде коментар.
Според последните податоци, во самоубиствените напади на цркви и луксузни хотели во Шри Ланка во неделата животот го загубија 290, а околу 500 лица се ранети.
Американскиот претседател Доналд Трамп вети поддршка за Шри Ланка во приведувањето на извршителите на координираните бомбашки напади во текот на разговорот со премиерот на Шри Ланка, Ранил Викремесинге, соопшти денеска портпаролот на Белата куќа, пренесе Ројтерс.








