Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Мицкоски на 11-годишнината од основањето на ПОДЕМ
Македонија

Мицкоски на 11-годишнината од основањето на ПОДЕМ

јули 12, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

12 јули 2019

Почитуван претседателе на Партијата на обединети демократи на Македонија ПОДЕМ д-р Живко Јанкулоски

Почитувани членови, почитувани поддржувачи,

Почитувани гости и присутни,

Велат ако нешто трае повеќе од една година значи дека ветува дека може да се постигне многу, кога тоа нештото трае 5 години значи дека може да опстои на сите турбуленции и предизвици, а она што трае повеќе од 10 години, веќе прераснува во традиција која мора да се почитува.

Затоа дозволете ми во мое име и во име на членовите на ВМРО-ДПМНЕ да ви ја
честитам 11 годишнината од основањето на Партијата на обединети демократи на Македонија ПОДЕМ, партија која што од основањето до денес активно придонесува во демократскиот живот и политичката сцена на Република Македонија.

Големината на една партија е во големината на љубовта кон Татковината, но и мноштвото на идеи за подобра иднина на своите сонародници во земјата и надвор од неа.

Токму затоа можам да кажам дека ПОДЕМ е многу поголема партија од партии кои денес егизистираат на власт бидејќи и со примери и со дела покажале и докажале дека Македонија е нивниот идеал и дека демократските вредности, напредокот и подобрата иднина се нивната водилка низ ова 11 годишното функционирање.

Партија која покажува во овие времиња дека има кичма да се спротивстави и да каже НЕ на погрешните политики на власта, и тоа во периоди кога тоа е нималку лесно да се направи и за што знам дека наместо комформизмот и сладострастието на власта, го одбравте правилниот пат и застанавте со народот.

Токму поради ова со полна сигурност можам да кажам дека ПОДЕМ е нашиот верен сојузник и партнер во нашата борба за подобра иднина, борба која трае и ќе заврши кога катастрофата наречена Зоран Заев и СДСМ ќе замине во темната историја во Македонија.

И вие како и сите граѓани на Македонија чувствувате дека Заев ја турка Македонија кон амбисот, кон амбисот со целиот економски колапс кој што го предизвикува, осиромашувањето на народот на сметка на личното богатење, рушењето на достоинството на граѓаните и континуираното уништување на угледот и позициите на државата.

Македонија во време на изгубениот Зоран Заев станува загубена држава и затоа наша должност е да застанеме на овој пат на разнебитување на нашата земја.

Заедно мораме да ги сплотиме силите, да ги збиеме редовите и да се спротивставиме на непогодата наречена Зоран Заев.

Тој е веќе на колена и го покажува целиот свој очај и немоќ.

Неговото блескање кое само тој гогледаше се претвори во беда и срам.

Неговиот систем евро за вицето целосно ги замени европските вредности.

Неговите квази реформи во судството и администрацијата се претворија во лична амнестија за криминалите и максимално партизирање и приватизирање на институциите.

Правото се претвори неправда, а правната држава во полициска држава за прогон на политички неистомисленици.

Свесни сме дека си имаме работа со однародена власт која се одлепила од реалноста, а истовремено заглавена до гуша во скандали, корупција и криминал, па станува се понервозна и пожестока кон својот народ.

Но колку повеќе удираат, толку повеќе народот се обединува во нашата борба.

И кога ќе ми речат лошо е, одговорот е, полошо е од најлошото. Кога ќе помислите дека е пробиено дното, Власта не демантира дека има ново уште поголемо дно.

Така е и во економијата.

Нема пари, а буџетот се троши само за социјални трансфери и купување на социјален мир.

И тоа може да функционира година две, но не може така вечно.

УЈП има дупка во прибирањето на даноци, и тоа е така зошто народот нема пари,
бизнисот трпи, а граѓаните влегуваат во уште поголема сиромаштија.

Ќе потсетам дека ветуваа 5% раст, а ќе бидеме среќни доколку се посигне половина од тоа.

Земјоделците мака мачат со откупот, а во здравството само успех има во наместените тендери.

Се останато тоне.

И онаа малку надеж што беше, а се однесуваше на брз напредок во преговорите со ЕУ
гледаме дека се претвори во нов неуспех.

Датум за преговори нема зошто Европската Унија констатираше отсуство на реформи и постоење на корупција.

Нема одење во Европа со градоначалник кој физички се пресметува во својот кабинет а обвинителството спие.

Со генерален секретар на влада кој не чувствува одговорност за скандалот во кој е
вовлечен.

Нема во Европа со наместени тендери во здравството за опрема која сега се плаќа два или повеќе пати поскапа.

Нема во Европа со премиер кој договара мито од 100 илјади евра за Вартоломеј, и се впушта во криминал за 5 секунди.

Нема во Европа со прогон кон опонентите.

Македонците стануваат граѓани од втора категорија во својата земја. Сменето име, историја која Заев ја прекројува како ќе му текне само за да остане на власт.

Почитувани пријатели,

Имам една добра и една лоша вест.

Лошата вест е дека Зоран Заев создава изгубена и упропастена држава.

Добрата вест е дека ќе ги победиме.

И ќе ги победиме силно.

Ова мора да престане затоа што е премногу.

Затоа мојата, нашата борба е за Македонија која вистински ќе оди напред.

Мојата визија е за Македонија која ќе биде членка на Европската Унија, држава која сериозно ќе се бори против криминалот, корупцијата и неправдите.

Овој канцер кој ја гуши земјава десетици години мора да биде победен.

Мојата визија е за Македонија која ќе биде технолошки тигар на Балканот, со развиена економија и која ќе биде место каде ќе се случува технолошка и економска експанзија.

Мојата визија и нашата борба е за Македонија која ќе има квалитетно здравство и образование.

Која ќе нуди поддршка на земјоделците преку загарантиран откуп.

Мојата визија и нашата заедничка битка мора да биде да го сочуваме достоинството на секој еден граѓанин.

Затоа ни е потребна обнова.

Обнова во секој еден руиниран сегмент во општеството.

Доаѓа ново време кога политиката мора да биде работа на принципи, разум и труд.

Многу работа и чесност.

Јас во мојот живот немам заработено нечесно ниту едно пенкало, имам принципи на кои ме учеле од мал, моите родители.

Тоа го барам од секој еден мој соработник.

Оваа обнова за која зборувам може да ја донесе оваа нова генерација на политичари која мора да ги победи старите ликови од транзицијата.

Тоа е можно и тоа заедно ќе го направиме.

Сметам на Подем, верувам на нејзината сила и Подем е еден од нашите најверни коалициони партнери.

Ништо во животот не е лесно и не е брзо, но подобро да победиме во тежок и исцрпувачки маратон, отколку да бидеме поразени на краток и молскавичен спринт.

Нека ви е честит роденденот и посакувам уште многу години опстојба на македонското политичко небо.

Ви благодарам да сте живи и здрави.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

мицкоски основање ПОДЕМ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Средба на Муцунски со Петрова во Софија

октомври 8, 2026

Петрова пред средбата со Муцунски: Коридорот 8 мора да се заврши, а не да остане збир од одделни проекти

октомври 8, 2026

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да го повика Филипче на информативен разговор за скандалот во МО во времето на Петровска

октомври 7, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.