Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Хелсиншки комитет: Раст од 30 проценти на случаи на дискриминација во 2018 година
Македонија

Хелсиншки комитет: Раст од 30 проценти на случаи на дискриминација во 2018 година

август 22, 2019Updated:август 22, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Бројот на регистрирани случаи на дискриминација во нашата земја бележи раст од 30 проценти, откако во 2018 година се регистрирани вкупни 119 случаи, наспроти 82 случаи регистрирани во 2017 година, покажуваат денеска објавените податоци од
годишниот информатор за дискриминација на Хелсиншкиот комитет за
човекови права.

Најчести основи за дискриминација во регистрираните случаи се врз основа на личен и општествен статус, пол и род, сексуално ориентација, попреченост, етничка припадност и религија.

Според проект-координаторот Игор Јадровски, има значително зголемување на пријавување дискриминација во областа на работните односи.

„Тоа е област во која граѓаните најмногу пријавувале дискриминација во 2018 година. Имаме 45 случаи на дискриминација во работните односи, што е значително зголемување во споредба со 19 случаи пријавени во 2017 година“, изјави Јадровски.

Посочи дека има и значителен раст во бројот на пријавени случаи на дискриминација во пристап до јавни добра и услуги – 21 и до здравствени услуги – 20 пријавени случаи.

„Забележително е што годинава има значително намалување во пријавувањето на случаи на дискриминација во образование. Ако во 2017 имавме 23, годинава има седум пријавени случаи на дискриминација во образование“, истакна Јадровски.

Од вкупниот број пријавени случаи, најголем дел – 92, се директна дискриминација, додека еден како индиректна и 26 како случаи на вознемирување.

Здруженијата на граѓани и државните инстуции годинава имаат дадено 95 реакции во однос на случувања поврзани со дискриминација, што исто така е тренд на зголемување, во однос на 68 реакции во 2017 година.

Според Јадровски, годинава има значително помал број пријавени случаи на судски случаи на дискриминација од граѓанските организации.

Во 2018 година пријавени се вкупно седум судски постапки, од кои во две има позитивни одлуки, во две негативни и три се уште се водат како тековни.

„Во постапувањето на Народниот правобранител имаме тренд на конзистентност. Имаме вкупно 92 постапки по кои постапувал во 2018 година, од кои во 31 утврдил дискриминација, во 47 постапки не утврдил и има 15 активни постапки, чија завршница доаѓа во 2019 година“, изјави Јадровски.

Посочи дека има зголемување на бројот на иницирани постапки на Комисијата за заштита од дискриминација, односно 119 постапки во 2018 година, од кои за 19 е дадено позитивно мислење.

Според податоците добиени од судовите како информации од јавен карактер, посочи Јадровски, судовите имаат иницирано 36 постапки за заштита од дискриминација во 2018 година и имаат донесено 49 одлуки, од кои 28 се позитивни и е утврдена дискриминација и пет се правосилни одлуки.

Информаторот е изработен во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во рамки на проектот „Унапредување на човековите права“.

Во него се сублимирани податоци добиени од здруженија на граѓани за регистрирани случаи на дискриминација, информации од јавен карактер добиени од првостепените судови за рбојот на судски постапки и обработка на податоци од Комисијата за заштита од дискриминација и Народниот правобранител.

актуелно дискриминација хелсиншки комитет
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.