Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата

ноември 24, 2026

Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец

ноември 24, 2026

Утре и задутре минусни температури, за викендот снег

ноември 24, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
  • Мицкоски: Имам мандат уште 13 месеци
  • ЈП „Паркови и зеленило“: Не паркирајте под дрва, нѐ очекува силен ветер
  • Од полноќ дизелот поевтинува за 3,5 денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Со голем граѓански марш и почит за загинатите борци Прилеп го чествува 11 Октомври
Политика

Со голем граѓански марш и почит за загинатите борци Прилеп го чествува 11 Октомври

октомври 11, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со граѓански марш до Паркот на Револуцијата и Могилата на непобедените и со почит за загинатите херои и борци, Пирлеп достоинствено ги одбележува 11 Октомври, Денот на народното востание и 78-годишнината од почетокот на востанието.

Бројни делегации, од Сојузот на борците, претставници од кабинетот на Пртетседателот, на Собранието, од Владата, од Министерството за одбрана и АРМ, од градот-херој Прилеп, од почитички партии, здруженија, граѓани се поклонија и положија венци и цвеќе во Алејата на народните херои каде се бистите на 10-те загинати херои, на споменикот „Жена-борец“, на Могилата на непобедените каде се моштите на околу 650 борци.

Делегациите со почит и пред спомениците на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ; Методија Андонов Ченто и на иделогот на Народната револуција, Кузман Јосифоски Питу во центарот на Прилеп.

Обраќајќи им се на присутните пред Могилата на непобедените, прилепскиот градоначалник Илија Јованоски рече дека од Прилеп македонскиот народ се крена на вооружено востание и покажа готовност да се бори за својата национална слобода и независност.

„11 Октомври 1941 година е логичен продолжеток на револуционерната борба на Македонија во изминатите децении, векови. Храбрите борци на Прилeпскиот одред отворија нова страница во историјата на македонскиот народ, го испишаа овој датум и Прилеп, градот – херој во историјата на македонската државност. Во текот на Народноослободителната војна од Прилепско зедоа учество 2.700 активни борци, а
15 народни херои и 650 борци од Прилеп ги положија своите животи на олтарот на слободата. Овој ден е симбол на непокорот, вечно сеќавање на непобедените борци, во чија чест денеска, во Прилеп го организиравме овој почесен марш, од Участакот до Могилата на непобедените, со кој ја обновуваме традицијата, сите заедно да им оддадеме почит за нивната храброст и пожртвуваност“, рече Јованоски.

Тој нагласи дека го исполнуваме заветот на нашите предци, продолжуваме да ја градиме нашата држава како безбедна, развиена и просперитетна држава.

„Сигурно чекориме на патот на евроатланските интеграции. Со успешно завршување на преговорите ја остваруваме стратешката цел – да бидеме полноправна членка на НАТО Алијансата. Ги поставивме темелите на безбедна, стабилна и сигурна држава“, рече претседателот на прилепскиот Сојуз на борци, Круме Соколоски, и нагласи дека е и емотивно врзан за празникот зашто од фамилијата има загинато петмина борци.
Упати порака до новите генерации да запаметат и заедно да ја градиме иднината.

„Емоциите се неизбежни за 11 Октомври. Македонскиот народ имал бројни востанија, но ова од 11 Октомври, 1941-та е единственоито слободарско кое заврши со успех и донесе слобода и независност на Макеоднија. Ова е најмасовен и најголем собир за празникот. Новите генерации да паметат и да го знаат влогот на нашите херојски предци и загинати борци и да ја градиме иднината“, порача Соколоски.

Според министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска им оддаваме почит на загинатите борци, го живееме сонот на нашите предци и истовремено сме исправени пред нов предизвик.

„Сакам да упатам апел до сите наши граѓани да не ги заборавиме сите кои ги положија животите за нашата земја, да се обидемие сите заедно да изградиме општество на помирување кое ќе го темелиме на соживот, просперитет и благодет за идните поколенија. Денеска го живееме сонот на нашите предци, но сме исправени и пред нови предизвици. Денеска ја градиме европска Македонија која почива на темелите на слободата, демократијата и човековите права. Процесите што ги започнавме гарантираат сигурност, стабилност, здрава економија. Тоа не охрабрува да продолжиме со нашата визија, земјата да ја однесеме каде што припаѓа, во европското семејство. Имаме историска одговорност да ги подигнмеме сите капацитети на оваа држава, да докажеме пред меѓународната јавност, но и дома дека сме на вистинскиот пат. А тој пат е обединетост, заедништво и подобро утре за сите наши граѓани. 11 Октомври е врежан во историјата на секој од нас. Тој е патоказ на нашата иднина. Затоа мораме похрабро и решително да чекориме и да ја реализираме нашата стратешка цел, а тоа е полноправно членство во ЕУ и НАТО“, рече Сугарески.

актуелно борци Марш Прилеп
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата

ноември 24, 2026

Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец

ноември 24, 2026

Утре и задутре минусни температури, за викендот снег

ноември 24, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.