Чешкиот производител на автомобили „Шкода“, под закрила на германскиот концерн „Фолксваген“, продолжува да ги освојува пазарите со нови модели.
Така, во подготовка е четвртата генерација на популарниот модел „октавија“, а компанијата ги покажа првите скици кои се сосем доволни да ја „подгреат атмосферата“, но и да покажат во кој правец оди дизајнот на возилата на „Шкода“.
Новиот изглед гарантира дека четвртата генерација на најпродаваниот модел во историјата на брендот ќе изгледа уште поемоционално, додека ги комбинира компактните димензии со големо пространство на ентериерот.
Скиците на новата „октавија“, која со новиот дизајнерски јазик „зборува со емоционална привлечност повеќе од кога и да е“, покажува издолжена, поубава силуета на таканаречен „liftback“ верзија која има нагласена купе линија на покривот. Има и карактеристичен преден дел, големи тркала и задни светла со кристални елементи кои се посебно нагласени.








