Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Европарламентараците го осудија одложувањето на преговорите со Скопје
Македонија

Европарламентараците го осудија одложувањето на преговорите со Скопје

октомври 22, 2019Updated:октомври 23, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Лидерите на најголемите политички групи во Европскиот парламент едногласно го осудија одложувањето на одлуката ЕУ да направи нови чекори во пристапниот процес на земјите од Западен Балкан.

„На Балканот владее нестабилност, а ние можевме да внесеме доза на стабилност, бидејќи тоа е наша одговорност“, предупреди лидерот на групата на Европската народна партија во ЕП, Манфред Вебер.

Тој за време на дебатата во Европскиот парламент оцени дека ниту Северна Македонија, ниту Албанија не ја добиле перспективата што ја заслужуваат.

„Баравме многу од тие земји, а сега вратата им е затворена пред нос. Го губиме кредибилитетот, и тоа е сериозно“, порача Вебер.

Тој укажа на фактот дека сите лидери кои доаѓаат од конзервативната Европска народна партија на самитот во Брисел дадоа поддршка за проширувањето, а францускиот претседател Емануел Макрон и холандскиот премиер Марк Руте, кои припаѓаат на либералната опција, биле „сами против сите“.

Гарсија Перес од редовите на европските социјалдемократи оцени дека проширувањето може само да донесе „нов живот“ во ЕУ.

„Внесувањето на Западен Балкан не само што ќе придонесе за стабилност во регионот, туку и стабилност на цела ЕУ“, нагласи Перес.

Лидерот на групата на европски либерали, во која се наоѓаат и француски пратеници од партијата на Макрон, Дачијан Цилос изјави дека проширувањето мора да остане во срцето на политиката на ЕУ.

„Не можеме да замислиме силна Европа, а да не е отворена кон соседите, посебно кон оние кои веруваат во неа можеби и посилно отколку некои земји членки“, додаде Цилос.

Тој посочи дека „Европа мора да остане мотор на демократски реформи, а нејзината врата отворена“.

Европските Зелени имаа можеби и најостри критики кон францускиот претседател поради одлуката да го блокира отворањето на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија.

Претставникот на Зелените во ЕП, Филип Ламбертс го потенцира јасното определување на земјите од Западен Балкан да пристапат во ЕУ.

Одлуката да не се почитуваат преземените обврски од страна на ЕУ, Ламбертс ја оцени како „сериозна грешка на Европскиот совет“ и побара од Унијата да направи вистинска работа доколку постои политичка волја за тоа.

„Ако се сеќавате, Емануел Макрон го поздравивме како голем Европеец. Но како одминува времето, сфаќаме дека не е ниту голем, ниту Европеец“, заклучи Ламбертс.

Се уште актуелните претседатели на Европскиот совет и на Европската комисија, Доналд Туск и Жан-Клод Јункер во своите последни обраќања во Европскиот парламент нагласија дека неединството на земјите членки околу новите чекори во процесот на проширување на ЕУ е „огромна грешка“.

актуелно Европа одложување осуда преговори
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.