Соединетите Американски Држави шверцуваат сириска нафта во други земји, а конвоите ги обезбедуваат американски ориватни воени компании и единици за специјални операции, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.
Рускиот генерал се огласи вчера во јавноста после изјавата на шефот на Пентагон, Марк Есперо, за „потребата да се сочуваат американски сили на истокот на Сирија“ за да ги „чуваат нафтените полиња“ од терористите на Исламска држава.
Конашенков предочувајќи сателитски снимки објасни кои се, наводно, вистинските причини на американскиот ангажман во Сирија.
„Камиони-цистерни обезбедувани од американски војници шверцуваат нафта од Сирија во други држави. Ако се случи каков било напад на конвојот, веднаш реагираат американските специјални единици и борбените авиони, рече рускиот генерал.
Тој додаде дека нафта се вади со помош на опрема од водечките западни корпорации, со што се кршат сите американски санкции, пренесува Тасс.
Конашенков укажа на тоа дека договорот за транспорт на нафта го спровела компанијата „Садкаб“, која е под американска контрола, основана во таканаречената автономна администрација на истокот на Сирија.
„Приходите од шверцот на сириска нафта одат на банкарски сметки на американски воени компании и разузнувачки агенции преку брокерски фирми со кои што соработуваат“, обвини Конашенков.
Во руското Министерство за одбрана пресметале дека, ако се земе во предвид дека цената на еден барел прошверцувана сириска нафта е 38 долари, месечните приходи преминуваат 30 милиони долари.
„Високи функционери на Пентагон и ЦИА подготвени се вечно да ги чуваат нафтените бушотини во Сирија од имагинарните скриени ќелии на Исламска држава, за да обезбедат континуиран прилив на финансиски средства без контроли и такси“, заклучи Конашенков.
„Ниедно енергетско наоѓалиште ниту кое било друго рудно богатство на територијата на Сирија не припаѓа на терористите на ДАЕШ, а посебно не на ‘американските бранители’ од терористите на ДАЕШ, туку исклучиво на Сириската Арапска Репоублика. По ниту едно меѓународно право, ниту по самото американско законодавство нема и не може да има ниедна легитимна задача за американските војници за чување и одбрана на енергетските наоѓалишта на Сирија од самата Сирија и нејзиниот народ. Затоа, ова што сега го прави Вашингтон – завземање и држење под своја вооружена контрола на нафтени полиња на истокот на Сирија – е меѓународно државно разбојништво, се наведува во соопштението од руската војска.







