Без електрична енергија денеска ќе бидат корисниците од дел од општините Бутел и Чучер Сандево.
Од 9.00 до 15.00 часот без струја ќе бидат делови од Побожје, Бродец, Брест, Танушевци и Малино, а од 10.00 до 13.00 часот исклучени ќе бидат делови од улицата „Хо Ши Мин“ во Бутел.
Според информациите што стигнуваат од Центарот за управување со кризи, прекинот е заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.







