Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Стојановска: Објавената фотографија од Јанева во домашен притвор е нарушување на приватноста
Македонија

Стојановска: Објавената фотографија од Јанева во домашен притвор е нарушување на приватноста

ноември 22, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Приватноста на домот, приватноста на местото каде што едно лице престојува е категорија заштитена и гарантирана со Уставот и со Законот за заштита на личните податоци.

Во медиумите денеска е објавена фотографија на која поранешната обвинителка со која се нарушува приватноста на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева осомничена во Рекет. Таа е фотографирана како седи на терасата од станот каде што престојува во домашен притвор во Скопје, а притоа се открива и адресата.

„Во однос на јавниот интерес многу податоци што беа објавени во јавноста во изминатиот период се оправдани. Во конкретниов случај зборуваме за специјалниот јавен обвинител. Но, повторно се наоѓаме во ситуација кога медиумите бркајќи го оној момент на ексклузивност го забораваат правото на приватност кое што не значи дека јавната личност го нема заради тоа што од која и да е причина е јавна личност, вели за МИА Елена Стојановска од Метаморфозис, експерт за заштита на лични податоци.

Таа додава дека во случајов има нарушување на приватноста на домот и престојувалиштето што е гарантирано со Уставот.

„Тоа значи дека дали некој престојува во домашен притвор, во затвор или во болница, тоа во моментот на престојување се смета за негово престојувалиште, место на кое што единствено смее и може да живее па согласно тоа приватноста на домот или престојувалиштето би требало да биде гарантирана, без разлика на тоа дали станува збор за јавна личност или не, вели за МИА Елена Стојановска од Метамофрозис, експерт за заштита на лични податоци.

Таа е децидна дека приватноста на домот, приватноста на местото каде што едно лице престојува е категорија заштитена и гарантирана со Уставот и со Законот за заштита на личните податоци, а кога некое лице е во улога на пациент не смее да се заборави и Законот за заштита на правата на пациентите.

„Бркањето на ексклузивност со истовремено прекршување на Уставот и на два други закони, не може да биде оправдано по ниту еден јавен интерес, вели Стојановска.

Ова не е прв случај да бидат објавени фотографии од близина на живеалиште или место каде што некое осомничено лице престојува.

„Вакви случаи имавме и во минатото кога еве како пример ќе потсетам кога имаше објавена снимка снимана низ клучалка од затворска ќелија, имавме можност да видиме каде живее осомничен за сериски убиства, буквално со камера се влезе во дворот и се издаде адресата на живеење на тоа лице, вели Стојановска.

И во актуелниот случај со Јанева објавена е адресата каде што таа престојува.

„Во овој случај адресата на живеење се смета за личен податок од причина што кога ќе се доведе во корелација со останатите податоци, односно во овој случај тоа е фотографијата, врши директна идентификација на лицето. Забораваме која би била штетата од објавувањето на оваа фотографија и што порака пренесува оваа
форографија, која е важноста на информацијата во тоа дека седи на тераса, рече Стојановска.

За неа е спорна битноста на информацијата, но исто така може да се проблематизира и времето кога е таа направена.

„Ние не можеме да знаеме дека таа фотографија е од вчера, вели Стојановска во изјавата за МИА.

Загрозувањето на приватноста односно злоупотребата на личните податоци, кај нас е казниво според Кривичниот законик. Во членот 149 се наведува дека тој што спротивно на условите утврдени со закон без согласност на граѓанинот прибира, обработува или користи негови лични податоци, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

Доколку тоа го стори службено лице казната е од три месеци до три години.

 

 

 

ИЗВОР: МИА

актуелно Домашен Јанева притвор фотографија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.