Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата

ноември 24, 2026

Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец

ноември 24, 2026

Утре и задутре минусни температури, за викендот снег

ноември 24, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
  • Мицкоски: Имам мандат уште 13 месеци
  • ЈП „Паркови и зеленило“: Не паркирајте под дрва, нѐ очекува силен ветер
  • Од полноќ дизелот поевтинува за 3,5 денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пендаровски: Секој обид за дискриминација на лицата со попреченост е нарушување на вроденото достоинство
Македонија

Пендаровски: Секој обид за дискриминација на лицата со попреченост е нарушување на вроденото достоинство

декември 2, 2019Updated:декември 2, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Секој обид за дискриминација на лицата со попреченост е нарушување на вроденото достоинство на човековата личност. Ако сакаме да ја изградиме нашата земја како напредна европска држава сите ние треба да работиме заеднички. Кога секој од нас би го дал најдоброто од себеси, своите таленти и идеи, дарба, вештини, тогаш ќе живееме во похумано општество. Тогаш една по една ќе ги надминуваме
сите пречки што постојат во нашето општество со цел ваша целосна вклученост во него, рече претседателот на државата Стево Пендаровски кој денеска го посети државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ –Скопје (ДУРДМОВ) по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

„Денеска сме тука да го одбележиме Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

Меѓутоа, јас мислам дека денес прво треба да си го поставиме прашањето дали попреченоста е причина за правење разлики меѓу нас луѓето. Лично сметам дека попреченоста не е основа за разлики, туку е основа за сличност, бидејќи сите ние сме слични меѓусебе поради една едноставна причина – никој од нас не е совршен, рече Пендаровски.

Затоа, додаде тој, наместо за пречки кај луѓето, предлагам да зборуваме за пречките што постојат во општеството, пречки со кои за жал многу наши сограѓани се соочуваат секојдневно, напоменувајќи ги пристапот за инвалидски колички, патеките за лица со оштетен вид, литературата со Брајово писмо, преводите за глувонеми.

„Пораката што сакаме денес да ја пратиме е дека сите вие треба да имате можност активно да се вклучите во носењето одлуки и креирањето политики особено оние кои се однесуваат на вас. Само така ќе успееме доследно да ги постигнеме целите за одржлив развој 2030 година. Дел од тие цели е и целосна инклузија на лицата со попреченост како неотуѓив дел од нашето општество. Не е во ред да носиме одлуки за вас без вашето учество и без ваша согласност, рече Пендаровски.

Директорот на ДУРДМОВ Горанчо Јакимов рече дека идејата за овој настан произлегла од нивната интенција за следење на современите инклузивни текови како во современите општества така и кај нас како и од важноста на концептот за социјална инклузија и еднакви можности за сите.

„Длабоко свесни дека инклузијата пред се значи учество.Нашите деца навистина го залужуваат вниманието и поддршката од највисоките инстанци на нашата држава, додаде Јакимов.

Настанот во ДУРДМОВ „Преку игра до пријателство“ се организира за првпат и е со поддршка на претседателот на Северна Македонија. Вкупно 16 деца со оштетен вид со децата од редовните училишта од општина Кисела Вода и приватното училиште НОВА се натпреваруваа во шах меѓу кои и претседателот Пендаровски.

Секоја година на 3 декември се одбележува Меѓународниот ден на лица со попречености. Според Светска банка една милијарда луѓе или 15 отсто од светската популација се соочуваат со одреден степен на попреченост.

Мотото на годинашното одбележување на овој ден е „Промоција на учество на лицата со попречености и нивно лидерство“.

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/947801062265949/

 

 

 

ИЗВОР: МИА

актуелно дискриминација лица пендаровски попреченост
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата

ноември 24, 2026

Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец

ноември 24, 2026

Утре и задутре минусни температури, за викендот снег

ноември 24, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.