Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата

ноември 24, 2026

Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец

ноември 24, 2026

Утре и задутре минусни температури, за викендот снег

ноември 24, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
  • Мицкоски: Имам мандат уште 13 месеци
  • ЈП „Паркови и зеленило“: Не паркирајте под дрва, нѐ очекува силен ветер
  • Од полноќ дизелот поевтинува за 3,5 денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Во првите денови на техничката влада обвинувања за опструкции и партиско дејствување
Политика

Во првите денови на техничката влада обвинувања за опструкции и партиско дејствување

јануари 10, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Обвинувања за опструкции, непознавање на законите и за дејствување во функција на матичните партии ги одбележуваат првите денови од работењето на ресорите каде што има кадровски измени во техничката влада, што беше избрана на 3. овој месец.

Дополнителната заменик-министерка за финансии Гордана Димитриеска Кочоска вчера на прес-конференција изрази разочарување од, како што рече, опструкциите на нејзината работа во Министерството.

„Вчера бевме сведоци на еден немил настан каде што од кабинетот на
министерката беше испратен допис до сите вработени, во кој се укажува дека на секое мое барање што ќе биде упатено до кој било раководител на сектор или државен советник нема да ми одговараат директно, односно одговорите прво ќе се праќаат до кабинетот на министерката, а подоцна до мене“, рече Димитриеска Кочоска.

Таквите обвинувања министерката за финансии Нина Ангеловска ги искоментира со констатација дека не треба да си дополнителен заменик-министер во Министерството за финансии за да ја видиш секоја трансакција и каде оди секој денар.

Тоа, како што рече, сега може да го гледа секој преку платформата „Отворени финансии“.

„Обидот еден мејл испратен од кабинет кој содржи процедура за работа, да се претстави како завера, не е ништо повеќе од обид за политичко поентирање“, рече Ангеловска, изразувајќи надеж дека конструктувно ќе продолжи натамошната соработка со техничката дополнителна заменик-министерка и нејзините соработници.

Во преписките се вклучи и СДСМ, од каде што, пак, истакнаа дека тимот на Кочовска е составен од луѓе на поранешниот премиер, кој е во бегство Никола Груевски, нагласувајќи дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е заглавен во режимската матрица.

„Наместо да работат во функција на спроведување на изборите, кадрите на Мицкоски во преодната влада опструираат и шират невистини“, оценија од СДСМ.

Во Министерството за труд и социјална политика, еден од двата ресора што доби министер по предлог од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, повод за обвинувања и меѓусебни реакции беше објавата на министерката Рашела Мизрахи дека има нерешени барања за помош и нега од друго лице.

Мизрахи вчера информира дека според податоците што ги добила од центрите за социјални работи во моментов има поднесени и нерешени 11.514 барања за надоместок за помош и нега од друго лице.

Тоа, според неа, говори дека досега Владата и Министерството ги ставале
под тепих проблемите на граѓаните.

Според заменик-министерката за труд и социјална политика Санела Шкријељ, техничката министерка Мизрахи со тврдењето дека не се решаваат навремено барањата за право на додаток за помош и нега од друго лице и оти се пробиени сите законски рокови покажала оти не го знае Законот за социјална заштита.

„Загрижувачко е слабото ниво на познавање на законите на техничката
министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи. Со денешната прес-конференција таа уште еднаш потврди дека воопшто не го прочитала новиот Закон за социјална заштита и начинот на којшто функционираат 15 комисии. Ако Мизрахи го прочита новиот Закон за социјална заштита, ќе дознае дека рокот за постапување за предметите за помош и нега од друго лице е 60 дена, а не еден месец како што тврди. Мизрахи во својата прес конференција се повикува на погрешен закон, а тоа е Законот за општа управна постапка. Како за појаснување, рокот е утврден во членот 282 од Законот за социјална заштита и тој е утврден на 60 дена“, се вели во реакцијата на заменик-министерката Шкријељ.

Владата, додава таа во реакцијата, изгради децентрализирани комисии за помош и нега од друго лице за разлика од едната централизирана Комисија која, како што вели, беше воспоставена во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и им наплаќаше 2.000 денари за поднесено барање.

Обвинувања заначинот на работа во изминатите денови имаше и во министерствата за внатрешни работи и за информатичко општетсво и амдинистрација.

Новиот технички министер за внатрешни работи Наќе Чулев, во интервју за ТВ Алфа изнесе тврдења дека во Министерството се делеле незаконски решенија и оти постои наводна поврзаност на вработени во МВР со криминалните структури.

Тоа беше отфрлено од владејачката СДСМ од каде истакнаа дека неговите тврдења се невистините и оти тој само за два дена од работењето потврдил дека е дел од режимската матрица.

Невенка Стаменковска Стојковски, дополнителен заменик-министер во
МИОА, пак, обвини дека во последните два месеца од страна на овој ресор се вршела брутална партизација на институциите, што преку соопштение беше отфрлено и како што потенцираа, сите постапки биле транспарентни и притоа се почитувале законските процедури, а кандидатите биле вработувани исклучиво по усвоени годишни планови за вработување.

актуелно обвинувања опструкции партиско дејствување техничката влада
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата

ноември 24, 2026

Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец

ноември 24, 2026

Утре и задутре минусни температури, за викендот снег

ноември 24, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.