Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Неодговорноста поопасна од вирусот
Коментар

Неодговорноста поопасна од вирусот

март 10, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Џабе е да се прашуваме – кој пред чија заклетва се обврзал: пред онаа на Хипократ или на Хипокрит? Цената на неодговорноста е превисока

Огромниот број на заразени со короновирусот во светот се резултат на контакти со лица кои престојувале или транзитирале во ризични подрачја, но не ја испочитувале одлуката за самоизолација. На прашањето – зошто не се самоизолирале, најчестиот одовор е „дека им било незгодно да отсуствуваат од работа“. Штетата од отсуство на едно вработено лице во времетрање од 80 работни часови (две седмици) е неспоредлива со онаа што ќе ја предизвикаат ако во меѓувреме се потврди дека се позитивни на коронавирусот. Но, ако ваквиот неодговорен однос можеби е типичен за лица без здравствена едукација и култура, ни случајно не смее да биде манир на здравствен работник, згора на тоа и директор на клиника.

Џабе е да се прашуваме – кој пред чија заклетва се обврзал: пред онаа на Хипократ или на Хипокрит? Билансот од неодговорноста може да биде огромен.

Претпоставувам дека и на директорката на Клиниката за кожни болести не и‘ изгледало најсоодветно да отсуствува од работа по отсуството искористено за зимски одмор. Не ја предомислил ниту фактот дека се враќа од ризичната Италија. Веројатно ја предомислил роковникот пополнет со бројни планирани и договорени обврски за претстојната седмица, па сметала дека не смее да ги пропушти. Ваквите мотиви ги растат статистичките бројки што ги достигнува коронавурусот. Она што можеби наликува на совесна постапка од аспект на работните обврски, воопшто не е совесна одлука во време на епидемија. Тоа мора да го знае секој, дотолку повеќе ако е лекар. Работната агенда на лекарот не може да биде на штетата на здравјето на пациентите, и на неговото деловно и приватно опкружување.

Во моментов нема формула по која може да се пресмета претпоставениот ризик од неодговорната постапка на директорката. Засегнати се сите пациенти и вработени со кои таа имала контакт. Сите со кои се ракувала, се прегрнала, на кои тет-а-тет им ги раскажувала импресиите од одморот, или поделила геврек, јаболко, портокал…

А сите тие вработени имаат семејства кај кои се враќале по работното време, без да знаат дека им се враќаат дома по интензивни контакти со инфициран од коронавирус. Во тие семејства сигурно има и возрасни лица, но и деца кои секој ден одат на учлиште заедно со многу други деца, се возат во автобус со многу луѓе, излегуваат во кафулиња, кино… Сите тие семејства имаат роднини со кои комуницирале во текот на спорната седмица. Засегнати се сите. Засегнати се посетителите на ресторанот каде директорката учествувала на стручното предавање на дерматолозите на 7- ми март, но и оние кои по предавањето престојувале во угостителскиот објект. Стравуваат и сите оние со кои директоркатата контактирала по работното време.

Може ли некој точно да ја пресмета оваа бројка на засегнати? Не. Опасноста е разгранета како цртеж на семејно стебло, со широк обем на крошна што ја сочинуваат сите лица кои сега стравуваат за нивното здравје.

Факт е дека здравствени власти навреме и со серија мерки се обидоа да воспостават темелна превенција, упатувајќи бројни препораки до граѓаните, а и со максимална транспарентност секојдневно информираа за новите ризици.

Сите тие напори, вложени средства, време и енергија, сега се девалвирани од еден крајно неодговорен потег. Во пакет со него, за жал се намножија и лажни вести, со цел неодговорно политизирање на состојбата, што не е случајно. Лажните вести имаат слични карактеристики како и вирусот – брзо се шират и ја користат индивидуалната неодговорност во превенцијата од нив. Секоја дезинформација има за цел да создаде паника, па сега, наместо на еден фронт, битката ќе треба да се води и на други. Во еден исклучително сензитивен период, (и од здравствен, и од политички аспект), успеавме да покажеме дека неодговорноста има повеќе имиња. Но, и да не сфатиме дека таа може да биде поопасна од вирусот.

Катерина Блажевска

Извор: Дојче веле

катерина блажевска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Даниловски: Случајот во Гостивар не смее да се сведе само на вина на поединци

јули 21, 2026

Пановски: Да се знаат резултатите за водата во Гостивар и да се молчи е кривично дело

јули 21, 2026

Хамнеи, мртов е поопасен!

март 2, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.