„Последниве денови значително е зголемен бројот на крлежи во Делчевско“, велат граѓани.
Крлежите се хранат од крвта на домаќинот, а како што посочуваат лекарите се преносители на лајмска болест, ерихолоза и крлежен менингоенцефатлитис.
„Има многу крлежи. Но, добро сум заштитен и при првото забележување ако работам на поле, ги отстранувам од облеката. Ги има насекаде, во тревата, во шумски предели и најчесто на отворено“, вели Драго Ристовски.
Според матичните лекари, изминатите години чести биле случаите на појава на крлежи.
„Имајќи предвид дека сезоната за работа на поле почна, а се зголемува и движењето во природа, при забележување на убод граѓаните да не ги отстрануваат крлежите сами, туку да побараат лекарска интервенција“, истакнуваат лекарите.
Иако ризикот од зараза при убод на крлежи е мал, додаваат лекарите, значајно е навременото и правилно отстранување на овој паразит.







