Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Јанева: Не сум виновна, Камчев не бил привилегиран, а пари немам земено
Судски процеси

Јанева: Не сум виновна, Камчев не бил привилегиран, а пари немам земено

мај 8, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Во работата како СЈО сум одлучувала исто како што сега одлучува Јавното обвинителство, а замислете држена сум девет месеци во притвор за давање мислење за промена на мерка притвор на Орце Камчев, изјави денеска во судот Катица Јанева, каде сведочи за предметот „Рекет“ во кој е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластување.

Посочи дека Јавното обвинителство за овој предмет го променило мислењето за притворот на Зоран Милевски, без притоа да се променат ниту една од околностите и тоа не се смета за злоупотреба и пречекорување на овластувањата.

– Од тука сметам дека обвинението за кое повеќе од девет месеци сум држена во притвор е целосно неосновано. Замислете за мислење кое сум го дала сум држена во притвор, изјави Јанева.

Според неа, СЈО не привилегирало никого, туку Врховниот суд ги привилегира сите тие кои ги гонеле, а нив ги направил неовластен тужител.

– Чекам да видам дали една од тие истраги ќе биде завршена. Зошто ЈО влезе во СЈО.

Барем да го земеше предметот „Империја“ и да го изанализираше. Да видеше дека Орце Камчев не бил никогаш привилегиран. Зошто сите наредби за вештачење се повлечени. Што мислеше, а што најде. Не, важно беше што одлуки сум поништила, изјави Јанева.

Не е точно, рече Јанева дека, дека му го вратила пасошот на Камчев, како што стои во диспозитивот на обвинението. Тврди дека само има дадено мислење за издавање привремена патна исправа, а судот носи одлука.

– Во моите обвиненија никаде не пишува дека се чека вештачење и потоа се повлекува, туку се почитуваат сите човекови права и постапки, изјави Јанева.

Нагласи дека никогаш не понудила привилегии на Јордан Камчев, и дека целиот случај е монтиран и граден врз основа на еден исказ – на Јордан Камчев.

– Ако судот ги прибавеше доказите од „Империја“ ќе видеше дека никогаш не му била понудена никаква привилегија или својство на заштитен сведок. Ќе видевте дека тој самиот доаѓа во СЈО и бара да соработува, изјави Јанева.

Прашана дали примила парични средства за давање мислење за промена на мерката притвор со куќен притвор и враќање на времената патна исправа на Орце Камчев, Јанева рече дека најодговорно тврди оти од никого никогаш не примила пари за давање привилегирана состојба во предметот „Империја“.

Поранешната шефица на СЈО Катица Јанева пред судот кажа дека е невина и затоа бара да биде ослободена.

 

ИЗВОР: МИА

актуелно рекет судење
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.