Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Истражување на Брима Галуп: Заев со рејтинг 9,4%, Мицкоски 4,2%, Коалицијата „Можеме“ со најголема доверба меѓу граѓаните
Македонија

Истражување на Брима Галуп: Заев со рејтинг 9,4%, Мицкоски 4,2%, Коалицијата „Можеме“ со најголема доверба меѓу граѓаните

јули 9, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Политиките на СДСМ и претседателот Зоран Заев уште еднаш се потврдени и препознаени од граѓаните. Според истражувањето на реномираната агенција Брима Галуп, коалицијата „Можеме“ и претседателот на СДСМ Зоран Заев имаат најголем рејтинг меѓу граѓаните.

На прашањето за која политичка партија или коалиција ќе гласате доколку денеска се одржуваат парламентарните избори 18,7% од граѓаните одговориле дека би гласале за СДСМ. На второ место е ВМРО-ДПМНЕ со поддршка од 15,1% од граѓаните, а на трето место е ДУИ со поддршка од 8,2%, Движењето БЕСА иако на овие избори настапува заедно со СДСМ има одделна поддршка од 2,6%. Доколку овие проценти се додадат кон поддршката на СДСМ, разликата меѓу коалицијата „Можеме“ и ВМРО- ДПМНЕ ќе биде 6,2 отсто. Останати партии кои се појавуваат на анкетата се Интегра со рејтинг од 1,3%, Левица со 1,2% и ДПА со 0,6%.

Претседателот Зоран Заев е политичар со убедливо најголема поддршка од граѓаните. 9,4 отсто од испитаниците одговориле дека најголема доверба имаат во претседателот на СДСМ Заев, додека само 4,2 отсто се изјасниле за Христијан Мицкоски.

Во однос на излезноста, 41 отсто од испитаниците одговориле дека сигурно ќе гласаат, додека 18,3 отсто дека сигурно нема да гласаат.

Останатите би гласале со различен степен на веројатност но имаат поголема наклонетост кон гласање отколку кон неизлегување на изборите на 15 јули.

На прашањето кој е најголем проблем со кој се соочува државата, граѓаните, со 29,1% поддршка, ја означуваат пандемијата со COVID-19. По нив следуваат Невработеноста со 21,2%, Економскиот развој со 14%, Нискиот стандард со 9,4%, а потоа со помали проценти под 4% следуваат низок квалитет на државната администрација, општата политичка ситуација и криза, ниски плати и пензии, криминал и корупција, слабо функционирање на системот и иднината на младите.

За 73,2 отсто од испитаниците подобро е нашата државата да стане членка на ЕУ, додека 18,3 сметаат дека подобро е да не стане членка на ЕУ, а 8,6 отсто немаат одговор.

Во однос на почитување на мерките за заштита од коронавирсуот, 63 отсто од испитаниците одговориле дека повеќето од мерките за заштита се почитуваат од граѓаните, додека 34 отсто одговориле дека повеќето не се почитуваат, 3 отсто одговориле со не знам.

На прашањето за тоа колку се согласуваат дека „Промената на името во Република Северна Македонија и имплементацијата на Преспанскиот договор ќе придонесе кон подобрување на генералната ситуација во земјава“, 40,7% од граѓаните се изјасните дека целосно или делумно се согласуваат со ова тврдење, додека 36,8% целосно или делумно не се согласуваат со ова тврдење. 15,3% од испитаниците ниту се согласуваат ниту не се согласуваат, 4,4% не знаат, а 2,8% одбиваат да одговорат.

Чесните, одговорни и домаќински политики на СДСМ и претседателот Зоран Заев уште еднаш се препознаени и поддржани од страна на мнозинството граѓани. Сите истражувања на јавното мислење од релевантни агенции покажуваат дека СДСМ и Коалицијата „Можеме“ се апсолутни фаворити на изборите на 15 јули.

Истражувањето било спроведено од 5 до 14 јуни 2020 година, со телефонска анкета (CATI) со национално репрезентативен примерок N=1.174 испитаници на возраст од над 18 години.

Истражувањето е изработено и понудено од страна на Брима галуп, а СДСМ го има откупено и располага со ексклузивно право за негова објава.

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

актуелно брима галуп водство Заев сдсм
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.