Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Кон средината на следната година ќе биде готов новиот мост кој ќе ги поврзува Аеродром и Гази Баба
Скопје

Кон средината на следната година ќе биде готов новиот мост кој ќе ги поврзува Аеродром и Гази Баба

јули 10, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Градежните активности на новиот мост „АСНОМ“ кој треба да ги поврзе општините Аеродром и Гази Баба се одвиваат според предвиденото темпо и очекувањата се дека до средината на следната година ќе биде заокружен овој проект.

Мостот ќе ги поврзува улицата „Васко Карангелевски“ во Аеродром со улицата „Индустриска“ во населбата Ќерамидница во Гази Баба.

Вкупната должина на трасата изнесува 400 метри.

Мостот ќе биде долг1 50 метри, со шест коловозни ленти, а ќе има и велосипедски и пешачки патеки од двете страни.

Вредноста на договорот за изведба на оваа фаза изнесува 365,6 милиони денари со вклучен ДДВ.

„Денеска вршиме увид на интензивните градежни активности за изградбата на новиот мост на булеварот АСНОМ, односно втората фаза од пробивањето на булеварот. Веќе се поставени темелите, а мостот ќе биде со габарит како мостот Гоце Делчев и ќе овозможиме нов сообраќаен коридор од општина Аеродорм кон општина Гази Баба“, изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, која заедно со Шилегов изврши увид во градежните активности, изрази задоволство што главниот архитект е жена.

„Јас сум сигурна дека градоначалникот ме покани на овој објект, не само да видиме до каде се овие градежни работи, туку заради тоа што главен архитект на овој круцијален мост во нашиот град е жена, главната архитектка којашто го следи и го гради овој објект. Жените во светот и во нашата држава градат мостови, но не само фигуративно, тука имаме и практично прикажување дека жените навистина може да градат вакви објекти, кои се од огромно значење, не само за градот, туку за целата нашата држава. На тој начин ја менуваме перцепцијата за тоа што е машка, што е женска професија“, изјави Царовска.

Од Град Скопје посочуваат дека изградбата на ваков мост на реката Вардар во планската документација на Скопје постоела уште од 1965 година, но оти поради осуството на визија за развој на градот и немањето чувство за вистински приоритети, изградбата била одложувања.

По изградбата на мостот, како што посочува Град Скопје, граѓаните од Ново Лисиче до Судската палата со автомобил ќе се стигнуваат за пет минути, со автобус за 10 минути, со велосипед за 18 минути, а со пешачење за 35 минути.

аеродром гази баба мост
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ЈП „Паркови и зеленило“: Не паркирајте под дрва, нѐ очекува силен ветер

ноември 23, 2026

Дефект остава неколку улици без вода – Исклучување во дел од Скопје

ноември 13, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.