Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата

ноември 24, 2026

Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец

ноември 24, 2026

Утре и задутре минусни температури, за викендот снег

ноември 24, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
  • Мицкоски: Имам мандат уште 13 месеци
  • ЈП „Паркови и зеленило“: Не паркирајте под дрва, нѐ очекува силен ветер
  • Од полноќ дизелот поевтинува за 3,5 денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Истрага и санкции за забавите на кои не се почитуваат здравствените протоколи
Градови

Истрага и санкции за забавите на кои не се почитуваат здравствените протоколи

јули 20, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Нови 127 случаи позитивни на коронавирусот вчера беа регистрирани од направени 904 тестирања. Во претходното деноноќие беа регистрирани и осум починати, а оздравени 83 пациенти.

Од осумте починати, пет пациенти се од Скопје, еден од Тетово, еден од Струга и еден пациент од Кичево. Меѓу починатите се и две лица на возраст од 34 и 45 години. Тие починале во ГОБ „8 Септември“. Во истата болница починале уште три лица на 78 и 87 години, а кај 62 годишен пациент, вирусот е потврден постмортем. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст 70 и 93 години. Во Клиничката болница Тетово почина пациент на 78 години.

Од новорегистрираните 127 случаи на Ковид-19 во Скопје се 57, Куманово-4, Штип-13, Тетово-6, Струга-10, Охрид-7, Кавадарци-1, Гостивар-8, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Кратово-2, Свети Николе-12, Кичево-4.

Институтот за јавно здравје регистрира и 83 оздравени лица и тоа од Скопје-35, Штип-8, Тетово-33, Велес-1, Гостивар-5, Пехчево-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9153, бројката на оздравени пациенти е 4810, на починати е 422, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3921. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна: во Скопје вкупно заразени 4271, активни 1885, потоа Куманово вкупно 908, активни 240; Дебар 173, активни 111; Штип 582, активни 277; Прилеп 311, активни 62; Тетово 944, активни 297; Струга 361, активни 179; Охрид 238, активни 123; Гостивар 294, активни 193; Свети Николе 197, активни 182 и
други.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 94 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, шест деца позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 94 пациенти. На респираторна машина се тројца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 35, а во болницата во Штип се хоспитализирани 52-ца пациента. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 128 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Од активните случаи во скопските општини најмногу има во Чаир – 280, Гази Баба – 195, Аеродром – 167, во Центар и Карпош по 153, Бутел – 132, Кисела Вода – 124, Ѓорче Петров – 113, Сарај – 108, Студеничани – 105, Шуто Оризари – 97, Арачиново – 30, Илинден и Петровец по 20, Чучер Сандево – 12, Сопиште – 18, Зелениково-12, Странец – 7, Нераспределен-139.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера побара од надлежните институции – МВР и инспекторатите да спроведат истраги и да ги санкционираат забавите во повеќе градови за кои се објавени фотографии на социјалните мрежи, а кои се во спротивност со пропишаните здравствени протоколи.

– Гледам фотографии на социјалните медиуми од журки и забави во повеќе градови без да се почитуваат протоколите и мерките за заштита од Ковид-19. Барам итно надлежните институции – МВР и надлежните инспекторати да спроведат истраги и да ги санкционираат овие собирања на недозволен начин! Младите мора во целост да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирус, да се заштитат себе си и своите најблиски, рече вчера Филипче.

Тој посочи дека ние сме една од ретките земји која целиот овој изминат период има протоколи за функционирање на компании, бизниси, угостителски објекти, хотели, плажи, базени.

– Тие протоколи се темелат на јасни епидемиолошки принципи.

Задолжителното носење маски, одржувањето на физичката дистанца е единствениот начин со којшто ние ќе излеземе од оваа здравствена криза.

Доколку се придржуваме до превентивните мерки бројот на заболени ќе се намалува, рече Филипче.

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски за МИА вчера изјави дека по петочната контрола на Клубот „Аватар“ во Струмица, денеска ќе биде поднесена кривична пријава до Јавното обвинителство поради непочитување на здравствени прописи за време на епидемијата на ковид-19.

Инаку, освен во Струмица инспекторите чешлале и други објекти во неколку други градови во државата.

Во текот на претходното деноноќие по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 296 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.

Во Крушево, во пресрет на празникот Илинден чекаат Комисијата за заразни болести да каже како ќе се прославува и како ќе се одвива манифестацијата „10 дена Крушевска Република“.

Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, кој е и претседател на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“, големиот Илинден и 117-годишнината од Илинденското востание ќе се прослават достоинствено, но очигледно ќе изостанат собирањата. Само се знае дека програмата на манифестацијата ќе биде скратена, но за сè друго, треба да даде препораки Комисијата за заразни болести.

аватар актуелно забави клуб санкции струмица
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата

ноември 24, 2026

Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец

ноември 24, 2026

Утре и задутре минусни температури, за викендот снег

ноември 24, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.