LG најави дури пет нови телефони

LinkSense.mk

Компанијата LG планира за следната година дури пет нови телефони – четири од серијата К како и Stylus 3.

Како што е потврдено пред CES, саемот во Лас Вегас каде што телефоните ќе бидат претставени, LG ги подготвил моделите К3, К4, К6 и К10.

К10 има HD дисплеј со големина од 5.3 инчи и главна камера од 13 MP.

Го покренува процесор MediaTek MT6750 со 2GB RAM и 32GB интерна меморија.

К8 со малку помал екран од 5 инчи ја има истата камера, но Snapdragon 425 процесор и помала меморија од 1,5GB RAM и нема да има сензор за отпечаток од прст.

Останатите два модели од серијата К ќе работат со процесор Snapdragon 210 и ќе имаат FWVGA дисплеј.

Новитет кој го подготвува LG е и телефонот Stylus 3.

Toj ima MT6750 SoC со octa-core CPU со 3GB RAM и 16GB меморија.

Stylus 3 има најголем екран од 5.7 инчи, батерија од 3.200 mAh и камера од 13, односно 8МР.