Oтворен 76-от филмски фестивал во Венеција

Француските актерки Катрин Денев и Жулиет Бинош, кои играат мајка и ќерка во филмот на јапонскиот режисер Хироказу Коре-еда, синоќа го отворија 76-от филмски фестивал во Венеција.

Катрин Денев и Жулиет Бинош прошетаа по црвениот тепих во друштво на јапонскиот режисер за да го претстават филмот „Вистина“, семејна драма која се натпреварува за Златен лав.

Во својот прв филм направен во Франција, Коре-Еда и ја довери на Катрин Денев улогата на која има комплексен однос со нејзината ќерка, што ја игра Бинош.

Во трката за „Златен лав“ оваа година се 21 филм.