Поранешниот селектор на белгиската репрезентација, Роберто Мартинез, ќе стане нов селектор на репрезентацијата на Португалија, пренесува „Скај спорт“.
Британските медиуми пренесуваат дека Мартинез постигнал устен договор со челниците на Фудбалскиот сојуз на Португалија.
Шпанскиот стручњак доби отказ од селекторската функција на Белгија после елиминацијата на неговата репрезентација од Мундијалот во Катар во групната фаза.
Ако седне на клупата на Португалија, тој ќе ја предводи екипата во квалификациите за Европското првенство во 2024 година.
Португалија е во групата „Ј“ од квалификациите со Босна и Херцеговина, Исланд, Луксембург, Словачка и Лихтенштајн.
(Фото: ЕПА/ЕФЕ)







