На пет минути пред слетување на скопскиот аеродром откажал мотор на авион на „Визер“ кој летал на релација Базел – Скопје ноќта меѓу четвртокот и петокот, во 00:15 часот, но слетал безбедно, потврдија од Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) и од М-НАВ.
Пилотскиот екипаж ја направил стандарната процедура во таква ситуација, извршил кружења над скопскиот аеродром за подготовка на конфигурацијата на авионот и безбедно слетале.
„Согласно вашето барање за настанот кој се случи на 30 март во 12:15 по локално време на Интернационалниот аеродорм Скопје на летот Базел – Скопје ве информираме дека во фаза на приод за слетување на Скопскиот аеродром на авионот му откажал еден од двата мотора без можност за повторно покренување.
„Пилотот декларирал вонредна случка по што службите на М-НАВ и ТАВ реагирале согласно процедурите.
„После два холдинга над аеродормот екипажот успешно го слетал авионот на писта и ги истоварил патниците без никави проблеми, појаснуваат од АЦВ.







