Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Албанија „на нозе“ по најавата за проширување на грчките теритријални води во Јонско Море
Во Фокусот

Албанија „на нозе“ по најавата за проширување на грчките теритријални води во Јонско Море

август 27, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Веста дека грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во Парламентот изјавил оти Грција ќе ја прошири морската граница за 6-12 милји во Јонското Море, а потоа и информацијата дека претходно со албанскиот премиер Еди Рама телефонски разговарал шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас и најавата дека набрзо ќе престојува во посета на Тирана, предизвика реакции во Албанија, јави дописничката на МИА од Тирана.

Првата реакција дојде од Рама, кој одговарјќи на граѓанин на Фејсбук на вообичаена комуникација напиша дека „морето и копното не се подаруваат како облека“.

-Морињата и копното не се подаруваат како облека, мој пријателе, затоа пред да разговараш за вакви теми, седни, прочитај, информирај се, а потоа искажи се и заштити се од големи лаги, напиша Рама.

Опозицијата преку поранешниот шеф на дипломатијата, универзитетскиот професор Тритан Шеху, обвини дека Рама „кој го анатемирал договорот за морската граница од 2019 година, сега, кога Грција ги проширува територијалните води на 12 милји во Јонското Море, молчи“.

Шеху потенцира дека ова се активности на една влада, која е на заминување и е „преполна со гревови“.

„Би сакал на почетокот да истакнам дека во принцип е право на Грција да вложи вакви напори. Прашањето лежи кај Рама, кој анатемисуваше се додека не го поништи договорот од 2009 година, што беше најдобро можно реализирано и со оддалеченост од 6 милји, дополнително го спречи испраќањето на ова прашање во Хаг, во согласност со двете страни кога и Грција во тој период не се спротивстави на тоа, поминувајќи од авантуристичкото уништување на стратешките односи со таа земја, до целосно губење на достоинството со „песна и оро“, напиша Шеху во реакцијата на Фејсбук.

Посочува дека токму ваквите апсурдни и намерни активности во надворешната и регионалната политика и нанеле непроценлива штета на земјата во односите и позицијата, во процесот на интеграција и губењето на улогата за стабилноста на регионот.

-Оваа Влада во заминување директно е одговорна за тоа што „зготви“. Сега нема ниту морално, ниту политичко или законско право да преговара за вакви прашања, за кои на крајот решение ќе најде новата демократска влада, во духот на соработка и длабока одговорност, што ќе ја зајакне стабилноста во регионот и ќе ја врати нашата земја на потребната позиција за ова, наведува Шеху.

Од албанското Министерство за Европа и надворешни работи за „Гласот на Америка“ изјавиле дека проширувањето на морската граница на Грција нема никаква поврзаност со албанско-грчката водна граница.

„Министерството за надворешни работи на Албанија одговори на интересот на „Гласот на Америка“ на оваа тема, во врска со изјавите за проширување на грчките територијални води од 6 до 12 наутички милји и потенцира дека ова е проблем што е регулиран со меѓународното право и конкретно со Конвенцијата за законот за море(UNCLOS) од 1982 година “.

Министерството наведува дека Албанија и Грција, како соседни земји кои делат морски зони, веќе се посветени на постигнување нов договор „во духот на меѓусебното разбирање и интерес, заснован врз принципите и нормите на законот за море, меѓународната практика , како и почитување на одлуката на Уставниот суд “.

По лавината реакции на социјалните мрежи, доцна синоќа на „смиреност“ повика вицепремиерт Ерион Браче, гарантирајќи дека „на земјата не и се зема ни сантиметар. Тој повика на смиреност бидејќи „никој не ја нападнал Албанија, ниту некој и запоседнал копно и море“.

Понатаму објаснува дека земјата и морето се загарантирани со национални и меѓународни закони. Тој, исто така, потсетува на договорот од времето на владата на Демократската партија, кој го нарече противуставен на една деградирана влада.

„Смирете се. Хистерија не е наша моќ, туку наша слабост. Ви се обраќам на сите вам кои милувате со часови да коментирате на социјалните мрежи: смирете се. Никој не не окупира, ниту ни запоседна копно и море! Копно, море и се друго што Бог ни дарувал во овие делови се загарантирани со меѓународните и националните закони, тие не се бранат со хистерија, туку со знаење, спокојство, разум, закон, страст и љубов за секоја педа копно и море, напиша Браче.

Прашањето за морската граница меѓу двете земји е тема која често се актуелизира во Албанија и не ретко се посочува како грчки услов за членство на Албанија во ЕУ.

Во неколку наврати организирани се протести против „намерата на владата да и отстапи на Грција дел од териотријалните води“ од кои се порачува дека тоа „е национално предавство и доколку тоа е услов за добивање датум за преговри со ЕУ не треба ни да се случи“.

Во април 2009 година тогашните шефови на дипломатиите на двете земји, Љуљзим Баша и Дора Бакојани, во присуство на премиерите Сали Бериша и Костас Караманлис, во Тирана го потпишаа договорот за поморското разграничување и за обележување на границата. Но, Уставниот суд на Албанија следната година го прогласи договорот за неуставен.

Експертите од оваа област тврдеа дека Бериша на Грција „и подарил” над 200 квадратни километри морска територија, што и припаѓала на Албанија, каде се смета дека има големи наоѓалишта на нафта и гас.

албанија граници јонско море проширување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026

ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра

мај 21, 2026

Рама: Порано Албанија беше „Северна Кореја на Европа“, денес е на пат кон ЕУ

мај 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.