Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Америка почна трговска војна со Кина
СВЕТ

Америка почна трговска војна со Кина

јули 6, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Новите тарифи на Соединетите Американски Држави за увоз на кинески стоки денеска стапија на сила, а од Пекинг порачуваат дека ќе бидат приморани на контраудар во спорот на двете економски велесили, за чија ескалација американскиот претседател Доналд Трамп, како што сам вели, е подготвен.

Вашингтон ги зголеми царините на 34 милијарди долари вредниот увоз од Кина во 12:01 часот по источно американско време, што е прв чекор кој би можел да доведе до верижна реакција и забрзување на серија на нови тарифи, известува агенцијата АП.

Кинеското министерство за трговија соопшти дека ќе биде присилено да превземе „нужен контранапад“, но не изнесе никакви поблиски детали. Пекинг, меѓутоа, претходно објави листа на американски стоки кои ќе бидат предмет на одмазда, а на која, меѓу останатите, ќе се најдат соја, електрични автомобили и виски.

Финансиските пазари веднаш реагираа на најновиот развој на случувањата. Индексот на јапонската берза Никеи 225 скокна за 1,4 отсто, додека композитниот индекс на берзата во Шангај зајакна за 0,7 отсто, а хонгкошкиот Ханг Сенг за 0,8 отсто.

Трамп во четвртокот разговараше за трговската војна со новинарите кои со него летеа во Монтана по повод изборната кампања.

Претседателот на САД во таа прилика најави дополнителни американски тарифи на увозот од Кина во вредност од 16 милијарди долари, кои ќе бидат воведени за две недели.

Американската агенција наведува дека после тоа непријателството би можело уште повеќе да се заостри, и дека Трамп рекол дека Америка е подготвена да цели на дополнителни 200 милијарди долари кинески увоз, а после тоа на уште 300 милијарди долари, ако Пекинг не попушти на барањата на Вашингтон и ако продолжи со мерки на одмазда.

Со тоа вкупниот износ на кинеските стоки кои се на удар на американските тарифи би достигнал потенцијални 550 милијарди долари – што го надминува минатогодишниот извоз на производи од Кина во САД од 506 милијарди долари.

Администрацијата на Трамп тврди дека Кина развила „предаторски тактики“ во настојувањето ги претекнат САД на планот на глобалната технолошка доминација. Оваа тактика, според тврдењата на Вашингтон, вклучуваат сајбер-кражби и условување на американски компании да ги отстапат своите технологии на Кинезите во замена за пристап на кинескиот пазар.

Провладиниот кинески весник „Чајна Дејли“ ја обвини американската администрација дека се однесува како „банда хулигани“, која би можела да нанесе штета на глобалната економија ако другите земји не ја запрат, додавајќи дека „не треба да постојат недоумици во поглед на одлучноста на Пекинг“.

Американската стопанска комора во Кина апелираше на двете страни да преговараат за решавање на состојбата.

„Нема победник во трговската војна“, наведе претседателот на таа комора Вилијам Зарит во соопштение, додавајќи дека американските компании сакаат праведен третман, додека тензиите меѓу САД и Кина ќе им наштетат.

„Ги повикуваме двете влади да се вратат на преговарачката маса“, порача Зарит.

актуелно Америка Вашингтон војна Кина пекинг САД
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.