Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Американскиот конгресмен Елиот Енгел в недела во Скопје
Македонија

Американскиот конгресмен Елиот Енгел в недела во Скопје

јули 5, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Конгресот на САД, конгресменот Елиот Енгел в недела ќе престојува во работна посета на Република Северна Македонија во рамки на неговата турнеја по земјите од регионот.

Како што најавија од собраниската прес-служба, конгресменот Енгел за време на престојот ќе има средба со претседателот на Собранието Талат Џафери.

Енгел заедно со конгресменот Мајкл Мекал, кој е член на Комисијата за надворешна политика на Конгресот на САД, со која тој претседава, на 6 февруари годинава упатија писмо до администрацијата на претседателот Доналд Трамп со барање да го поддржи членството на Северна Македонија во НАТО. Во писмото адресирано до државниот секретар Мајк Помпео, двајцата конгресмени нагласуваат дека членството на нашата држава во НАТО ќе помогне да се обезбеди стабилност и мирот на Балканот.

– Со донесувањето на Северна Македонија во НАТО, значителна корист ќе има не само Северна Македонија и Грција туку и Соединетоте држави и другите членки на Алијансата. Важно е и дека членството на Северна Македонија во НАТО ќе ѝ помогне на Алијансата да ги одбие руските злонамерни активности на Балканот, каде што Владимир Путин сака да предизвика нарушувања и раздор, напишаа двајцата конгресмени во писмото кое е упатено истиот ден кога 29-те земји члнеки на НАТО го потпишаа договорот за пристапување на нашата земја, со што се отвори патот да станеме 30-та земја членка на Алијансата.

Инаку, американскиот конгресмен вчера го посети градот Прешево, каде се сретна со претседателот на Општината Шчиприм Арифи, и во таа прилика за Гласот на Америка и Радио Слободна Европа изјави дека „не ја поддржува идејата за размена на територии“ и дека „напорите треба да бидат насочени кон постигнување долгорочен мир помеѓу Косово и Србија“.

-Не мислам дека размената на територии е вистинскиот пат. Јас сум загрижен поради тоа, бидејќи ако почнете да ги менувате границите на Балканот, каде сето тоа ќе заврши?, изјавил Енгел.

Пред посетата на Прешево, Енгел во средата во Белград се сретна со српски пратеници и со претседателот на Србија Александар Вучиќ. Во разговорот со пратениците на Собранието во Србија истакнал дека сите несогласувања и непријателства на Западниот Балкан треба да се надминат и дека државите во регионот треба меѓусебно да соработуваат. За разговорите со Вучиќ, пак, кажал дека биле „добри и искрени“. Додал дека го почитува лидерството на српскиот претседател, иако не се согласува секогаш со него и повторно ги повикал двете страни да седнат и да разговараат.

актуелно американски елиот енгел конгресмен посета скопје
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.