Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Англија ја сонува 1966 година
Фудбал

Англија ја сонува 1966 година

јули 9, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Многумина се прашуваа што ќе стори Герет Саутгејт во Русија без Вејн Руни, Џо Харт, Адам Лалан, Крис Смолинг, Џек Вилшир… кога некогашниот штопер го објави конечниот список на „Гордиот Албион“ за Светското првенство. Но, по влезот во полуфиналето мораа на младиот селектор да му симнат капа. Медиумите одат чекор понатаму и пушуваат „Англија ја сонува 1966“, тврдејќи дека играта и квалитетот кои ги покажа Англија можат да бидат доволни за да се победи Хрватска и да се обезбеди големото финале во Москва на 15 јули.

„Мојот татко не бил роден кога последен пат сме играле во финале на Мундијалот. Ние не сме оптеретени со историја. Од почеток рековме дека сакаме да направиме наша историја, одиме од натпревар во натпревар и ништо не е невозможно. Ќе се подготвиме за средбата со Хрватска и ќе се обидеме уште еднаш да ги направиме Англичаните горди“, изјави голманот Џордан Пикфорд.

Капитенот Хари Кејн не го подобри голгетерското конто, но ќе има барем два натпревари да го направи тоа.

„Способни сме да го менуваме начинот на игра. Сето тоа оди во корист на конечниот резултат и немам ништо против што против Шведска бев нешто подалеку од голот. Го чекаме големиот натпревар во полуфиналето. Хрватска покажа тимски карактер и квалитет, но ние сме мирни, имаме самодоверба и подготвени сме уште неколку пати да ја израдуваме Англија“, рече Кејн.

Од ноември 2016 година, кога Фудбалскиот сојуз на Англија му го тргна префиксот „в.д.“ и му даде четиригодишен мандат, поранешниот дефанзивец на Астон Вила и Мидлсборо правеше тим не осврнувајќи се на разните коментари од страна.

„Неверојатно е чувството, се надевам дека народот дома уживаше во нашите победи исто како и ние тука. Не го изгубивме фокусот, атмосферата и големата желба. Оваа екипа ја чека секако најтеѓкиот испит до сега, полуфиналето на Мундијалот е голем домен, но не мора да биде и конечен“, истакна Саутгејт.

 

 

Англија, факт е, игра малку чудно, но на овие играчи тоа најверојатно многу им одговара. Резултатите го покажуваат тоа. Саутгејт е првиот менаџер на Англија кој после Боби Робсон во 1990 година успеа да се пласира во полуфинале на Светското првенство.

Деле Али: Ние веруваме

Деле Али конечно против Шведска покажа дел од репертоарот од Тотенхем. Вториот најмлад стрелец на Светското првенство за Англија, после Мајк Овен (18 години на СП во 1998 година), не го крие одушевувањето.

„Неверојатно е чувството да се постигне гол на Мундијал, а посебно кога на својата репрезентација ќе и донесете победа. Конечно сум задоволен со својата игра, беше најдобра до сега и ми дава уште повеќе енергија и потстрек за полуфиналната средба. Направивме голем успех, но ние веруваме дека можеме да играме во Москва, во големото финале.“

англија Мундијал русија Селектор финале
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Македонските фудбалери до 21 година одиграа нерешено со Црна Гора

октомври 2, 2026

Јамал стана најмладиот фудбалер кој достигна 50 гола во врвна европска лига

септември 2, 2026

Брисел подготвува нови 1.600 санкции против Русија

август 31, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.