Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Армани: Не размислувам за времето кога нема да можам да велам „ова – да, ова – не“
Мода

Армани: Не размислувам за времето кога нема да можам да велам „ова – да, ова – не“

октомври 28, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Џорџо Армани е единствениот од италијанските модни великани кој сè уште лично се занимава со своите колекции. Иако во јули наполни 90 години и на негова возраст, обично, луѓето уживаат во времето внуците, правнуците и заслужениот одмор, за „Кралот на модата“ пензионирањето сè уште е „прашање на иднината“.

– Можам да си дадам уште две или три години на чело на мојата компанија. Не повеќе. Тоа би било негативно… Компанијата „Џорџо Армани“ се поистоветува со мене, па моја должност е да се погрижам тоа да продолжи и секогаш да има печат и ќе личи на г-н Армани, изјави тој за „Кориере дела Сера“ (Corriere della Sera).

Сепак, како некој може да го замисли „Армани“ без Армани? Брендот на дизајнерот од Пјаченца се поистоветува со неговото име, личност и ракопис. А, тој пак, сè уште не сака да размислува за времето кога нема да може да каже „ова – да, ова – не“.

Армани не крие дека потенцијалните инвеститори сè почесто и упорно му тропаат на врата. Тој нема деца кои ќе ја наследат неговата модна империја, но сепак, вели, ја испланирал иднината на својата компанија. Станува збор за веќе изградена структура што наследниците треба да ја следат за да го продолжат животот на „Армани“.

Целта е неговата група да остане независна, иако на полето на високата мода и луксузот во мигов доминираат двата француски конгломерати – „Керинг“ и „Луј Витон“… Армани веќе кажа „не“ на предлогот – неговата компанија да биде продадена на Французите.

Тој, имено, ја отфрла можноста – „една од овие гигантски структури без личен лик“ да го купи и доминира неговиот бренд.

Наследници на познатиот Италијанец се очекува да бидат неговата сестра, уште тројца роднини кои работат во неговата компанија, неговиот долгогодишен партнер Панталео дел Орко, како и добротворна компанија.

Дизајнерот денес е трет најбогат Италијанец според Форбс, со лично богатство од 13,1 милијарда долари (околу 12,167 милијарди евра). Тој нема директни наследници, но има тројца внуци. Силвана и Роберта се ќерки на неговиот брат Серхио, а Андреја Камерана е син на сестра му Росана. Андреја е роднински поврзан и со Џовани Ањели – основач на „Фиат“.

Фото: ЕПА

актуелно армани
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.