Eвропскиот шампион Вардар демонстрираше моќ и се доближи на првото место во конкуренцијата А во ракометната Лига на шампиони.
Шпанскиот гигант Барселона не можеше да дојде до израз вечерва во Јане Сандански претрпе пораз од Вардар со 27-24. Го красеше Вардар одлична игра во одбраната, истовремено ефикасни во нападот бековите и крилата, а и Штербик на висина на задачата.
Израмнето беше на почетокот двете екипи се менуваа во водство но Штербик стапи на сцена а Барселона грешеше во напад и Вардар умешно казнуваше. Мрежата на Варгас се полнеше без престан, наспроти вардаровиот гол кој седум минути мируваше. На полувремето Вардар имаше позитива од плус четири.
На почетокот на второто полувреме Вардар направи плус шест и остана без Рожерио кој заработи повреда.
Без проблеми до самиот крај на мечот Вардар ја одржуваше предноста за конечни 25-19 и покрај двете исклучувања на играчи на крајот од судиите.
Најефикасен Борозан со шест гола, Македа постигна пет, Циндриќ и Дибиров по четири. Штербик запиша 13 одбрани. Ривера со осум ја предводеше листата на стрелци кај Барселона.
Вардар е лидер во групата има четири триумфи и едно реми, пред Рајн Некар и Пик Сегед. Барселона е четврта. Во следното коло Вардар гостува во Шведска кај Кристијанштад на 4 ноември.







