Малопродажната цена на бензинот БС-95 од вечерва на полноќ се зголемува за еден денар по литар, на БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство за 0,5 денари, додека цената на нафтата останува непроменета, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. За 0,112 денари поевтинува мазутот М-1 НС.
Новата цена на БС-95 ќе изнесува 63,00 ден/лит, БС-98 ќе се продава за 64,50, екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 37,00 денари за литар, а еден килограм е 23,881 денари.
Дизелот во наредните две недели ќе чини 48,00 ден/лит.







