Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Бесплатен јавен превоз, запирање на градежните работи, поскап паркинг, итни мерки против аерозагадувањето
Скопје

Бесплатен јавен превоз, запирање на градежните работи, поскап паркинг, итни мерки против аерозагадувањето

јануари 27, 2020Updated:јануари 27, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Бесплатен јавен превоз, запирање на градежните работи и поскапен паркинг се меѓу редицата итни мерки од надлежност на Градот Скопје кои стапуваат во сила од вечерва од 18 часот.

Како што соопштија од Град Скопје, објавените итни мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот, кои ќе стапат во сила денеска од 18 часот, се во согласност со Законот за квалитет на амбиентниот воздух, а на барање на Владата и Министерството за здравство. Се преземаат по добиеното известување од Министерството за животна средина дека квалитетот на воздухот последователно два дена е надминат над законски пропишаниот минимум, односно над 175 μg/m3 на мерните станици во Карпош и во Лисиче.

Мерките и препораки на Градот Скопје предвидуваат: од 18 часот воведување бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП и во автобусите на приватните превозници, се до моментот на намалување на загадувањето, за што јавноста дополнително ќе биде известена. Се прекинуваат и сите градежни активности на градилиштата под своја надлежност, воедно, се повикуваат сите градоначалници од општините во град Скопје, да ги прекинат градежните активности на градилиштата во нивна надлежност. Цената на паркирањето на паркиралиштата на Градски паркинг од овој момент двојно се зголемува и тоа важи се до укинувањето на итните мерки.

Град Скопје, се наведува, изминатите недели вршеше интензивен инспекциски надзор на инсталациите што се во негова надлежност со мерење на емисии во воздух. Притоа извештаите се објавуваат редовно во јавноста. Интензивирана е и контролата на градилиштата, односно возилата што излегуваат од градилиштата, кои, се посочува, мора да имаат измиени тркала и да се покриени со церади заради контрола на прашината.

„Го задолжуваме ЈП „Комунална хигиена“ да го продолжи интензивното чистење на градските улици и булевари што се во надлежност на Град Скопје и им препорачувам на скопските општини да го направат истото на улиците што се во нивна надлежност.

Град Скопје врши зајакната контрола на имателите на одобренија за доставување на стока преку Инспекторатот на Град Скопје. Воедно го повикуваме Министерството за внатрешни работи да спроведе засилени контроли на правните субјекти кои поседуваат одобренија за доставување на стоки издадени од страна на Градот Скопје.

Апелираме до вработените во Град Скопје, јавните претпријатија и институции на работа да доаѓаат со автобусите на јавниот превоз. Ги повикуваме градоначалниците на општините во градот Скопје да ги интензивираат инспекциските надзори над субјектите кои управуваат со отпадни гуми и отпадни масла, се меѓу мерките објавени од Град Скопје.

Воедно, се повикува Министерството за внатрешни работи да спроведе ограничување на обуките на автошколите од 9,30 до 14,30 и по 18,00 часот, Министерството за животна средина, Државниот инспекторат за животна средина и општините да извршат засилени контроли над инсталациите што се под нивни ингеренции. Воедно се бара од МВР да ги зајакне контролите на почитување на забраната за движење на тешки
товарни возила чијашто крајна дестинација не е Градот Скопје и кои ќе се упатуваат да ја користат скопската обиколница, во согласност со поставената сообраќајна сигнализација, како и да врши зачестени контроли на издувните гасови на возилата кои учествуваат во сообраќајот.

загадување јавен превоз мерки Паркинг скопје
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

ХУМАНОСТА КАКО ТРАДИЦИЈА: „АЛКАЛОИД“ СО НОВА ДОНАЦИЈА ЗА ЗДРАВЈЕТО НА НАЈМЛАДИТЕ

септември 21, 2026

Street Food Picnic втор пат во Центар, три дена храна, музика и семејна забава

септември 18, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.