Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Битиќи: Четирите пакети економски мерки ги намалија негативните ефекти од кризата
Финансии

Битиќи: Четирите пакети економски мерки ги намалија негативните ефекти од кризата

април 15, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска оствари онлајн средба со Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија, на која се дискутираше за моменталните состојби на економијата во земјата, реализацијата на четирите пакети економски мерки, статусот на мерките од петтиот пакет, како и за активностите кои ги презема Владата за унапредување на бизнис климата во земјата.

Вицепремиерот Битиќи на средбата се осврна на реализацијата на четирите пакети економски мерки и посочи дека тоа што мерките се креирани во инклузивен процес, преку консултации со сите засегнати чинители, придонело истите да бидат реализирани со исклучителен успех, дури 87 отсто, што пак влијаело на тоа да се минимизира негативниот ефект врз економијата.

„Успешноста на мерките се гледа и во тоа што нивната имплементацијата придонесе за намалување на падот на бруто домашниот производ од 4,2 отсто. Односно, доколку истите не беа спроведени, падот на БДП ќе беше околу 8,7 проценти. Со нивното реализирање, бруто домашниот производ бележи пад од 4,5 отсто“, истакна Битиќи.

Вицепремиерот нагласи и дека Владата внимателно и постојано ги следи состојбите поврзани со кризата предизвикана од коронавирусот и дека навремено го креираше Петтиот пакет на мерки, кој на средината на февруари беше доставен до Собранието, за да се усвојат неколку закони кои се од голема важност за стопанството и граѓаните.

Тој посочи дека очекува во најбрзо време да се усвои Законот за финансиска поддршка за исплата за плати, при што рече дека со амандмански измени ќе се овозможи компаниите да може да аплицираат за поддршката до 30-ти април и на тој начин да им се излезе во пресрет на компаниите.

На состанокот се дискутираше и за процесот за укинување или намалување на парафискалните давачки, којшто е веќе започнат и се спроведува во заедничка соработка помеѓу државните органи и бизнис секторот.

„Започната е постапката за формирање на единствен регистар за државна помош, кој ќе биде единствената точка за сите информации поврзани со државната помош, со кој ќе се постигне хармонизација на планирањето и буџетирањето и ќе се добие транспарентен и отчетен систем за помошта која ја обезбедува државата кон компаниите“, информираше Битиќи.

Претставниците на Стопанската комора на Македонија беа известени дека во напредна фаза е и подготовката на измените и дополните на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, со кои, поради кризата предизвикана од Ковид-19, ќе се олеснат условите за аплицирање и исплата на поддршката кон компаниите кои реализирале нови инвестиции.

Битиќи се осврна и на Законот за стратешки инвестиции, со кој се овозможува брза реализација на проекти кои се од јавен интерес и се проекти со кој се реализира инвестиција во висина од најмалку 100 милиони евра на територија на најмалку две или повеќе општини, најмалку 50 милиони евра во општините со седиште во град, општините во градот Скопје и градот Скопје или најмалку 30 милиони евра во општини со седиште во село.

Вицепремиерот информираше дека од јануари оваа година со поддршка на Амбасадата на Обединетото Кралство и Организацијата на Обединети Нации, претставувана од канцеларијата на УНДП во земјата, е започнат процесот на информирање на сите засегнати страни за креирање на долгорочната Национална развојна стратегија 2021-2041 на Македонија.

Тој посочи дека процесот на креирање на Националната развојна стратегија ќе се одвива во две фази, во првата фаза ќе се дефинира медотодолијата и оперативната структура која ќе ја развива стратегијата, додека втората фаза ќе биде развојот на стратегијата.

Вицепремиерот Битиќи нагласи дека Националната развојна стратегија треба да отслика меѓугенерациски, родов, меѓутнички, меѓупартиски и долгорочен консензус за приоритетите на државата, со цел да се обезбеди инклузивен, зелен и одржлив развој за сите, а особено за ранливите категории на граѓани.

Во рамки на овој проект ќе се идентификуваат и зајакнат врските помеѓу сите останати стратешки важни процеси кои се одвиваат во државата, првенствено
интеграцијата во ЕУ и Агендата 2030 за одржлив развој.

актуелно комора македонија Регистар Фатмир Битиќи
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.