Фудбалерот на Хрватска Домагој Вида ќе игра во полуфиналниот натпревар против селекцијата на Англија и покрај неговиот повик „Слава и на Украина“, што во Русија се толкува како отворена провокација.
Интересно е дека во моментите на национален набој и љубов кон Украина, во која до пред неколку месеци заработуваше за живот, тој прекрши најмалку три члена од Дисциплинскиот правилник на ФИФА.
Некои велат дека дека тој, во некакви можеби „поинакви околности“, требаше веќе да биде дома, но помина само со укор.
Неофицијално, од потешка казна од изречената опомена го спасиле Звонимир Бобан и Давор Шукер. Првиот е еден од најблиските соработници на претседателот на ФИФА, Инфантино, а вториот е актуелен претседател на Фудбалскиот сојуз на Хрватска и член на Извршниот одбор на УЕФА.







