Македонија и Грција треба да најдат решение за меѓусебниот спор како што тоа го направија Софија и Скопје, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов.
„Треба да се најде решение меѓу двата народа, онака како што ние го најдовме, бидејќи Грција ќе ги блокира за НАТО и за ЕУ, нагласи Борисов во изјава за „Труд“ тој одговори на прашање зошто на вчерашната среба на лидерите на Бугарија, Грција, Романија и Србија во Варна, не присуствувал и македонскиот премиер Зоран Заев.
За создавањето на т.н. „Варнанска четворка“, бугарскиот премиер оцени дека со тоа се потврдува заедничката волја за обединување, европска интеграција и за почитување на европските принципи и правила.
Тоа воедно ќе значи и решавање на прашањата што се важни за Балканот, посочи Борисов.







