Oчекувањата за убедлива победа на британската премиерка Тереза Меј, освои пирова победа на предвремените парламентарни избори во Велика Британија. На десет дена пред почетокот на преговорите за Брегзит, конзервативците на Меј го загубија апсолутното мнозинство во парламентот. По пребројувањето на речиси сите гласови, имаат освоено 314 места, односно 11 помалку отколку досега. За апсолутно мнозинство им беа неопхдони 326 мандати.
Опозициската Лабуристичка партија на Џереми Корбин освои 261 места, што значи дури 30 места повеќе отколку досега. Плус имаат и либералдемократите, кои сега се застапени со 12 пратеници. Тешка загуба забележа Шкотската национална партија, која од 56 се спушти на 35 мандати.
Ова значи дека на Велика Британија и претстои комплицирано составување влада.
Иако тврдеше дека оваа година нема да има избори, Меј во април се одлучи за предвремени избори за да го зголеми владиното мнозинство во парламентот, со што би добила и поголема поддршка при преговорите за излегување на Велика Британија од ЕУ. Сега преговорите за Брегзит ќе станат потешки.
Конзервативците се залагаат за „тврд Брегзит“ со ЕУ, но за такво нешто им е неопходно јасно мнозинство во парламентот и јасен преговарачки мандат кој ќе произлегува од таквото мнозинство. Такво нешто сега нема.
Сите други партии се против „тврд Брегзит“ или дури и против развод од ЕУ. Меѓутоа, не се очекува Велика Британија да отстапи од одлуката за Брегзит.







