Фудбалскиот репрезентацивец на Англија, Џејми Варди, поради повреда е неизвесен за дуелот против Шведска во четвртфиналето на Мундијалот во Русија.
Напаѓачот на Лестер ја истегна препоната во претходниот натпревар против Колумбија (1:1, на пенали 4:3) и заради тоа не го шутираше одлучувачкиот пенал за премин во следната фаза, јави Скај спорт.
Неизвесно е дали Варди ќе го одработи последниот тренинг на екипата пред натпреварот со „викинзите“, кога ќе се знае многу повеќе за неговата здравствена состојба.
Средбата меѓу Англија и Шведска се игра утре од 16 часот на стадионот во Самара.







