Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Вилмич, покроце малу!
Томислав Колумни

Вилмич, покроце малу!

јули 25, 2022Updated:јули 25, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во период на големи препирки по социјалите мрежи и „независните“ телевизии за тоа кој е од кого поголем патриот во заштитата од „бугаризацијата“, тукашни друмски разбојници, пробисвети и хохштаплери, пред нос ни ги разнебитуваат, и онака разнебитените, судот и обвинителството.

Наместо да мудруваме кој дијалект е земен во кодификувањето на македонскиот јазик подобро е да го видиме она што ни се случува пред очи, она на што веќе „европеизираните“ се прават слепи, ѓомити се случува некаде во Брегот на Слоновата коска.

Оние кои ја искрадоа државата и ги асимилираа институциите од прва до последна, дрско и без усул, перверзно до немајкаде, со судски досетки си го адаптираа системот на своите потреби и желби. Ама тоа е… Така е тука… Тројца го решаваат проблемот со Бугарија, а триста и тројца крадат.

Големите од груевистичкото време, останаа големи и во ова, незам веќе чие време, време што за сите нас требаше да биде и многу поинакво и многу подобро.

Така е кога во државава, ако после се вакво, така може да се нарече ова наше парче земја, законите се креираат брзоплето, без детална анализа, се носат од денес за утре и така донесени оставаат простор за правни манипулации.

Ете, Оки и Саше, од неодамна „охриѓани“, процесот на ресоцијализација, место во некоја од работилниците на „Идризово“, ќе го минуваат по плажите на Охридско езеро. Ама немаат, галичани велат „дикели“ и „какариња“ за таму…

Ја парчосаа Македонија па сега побрзаа, онака патриотски, да се спогодуваат. Мажишта, бе…

Се договорија за сите детали. И за висината на казната и за местото, оти тие нели се „од големото добро утро“, па не можат да „лежат“ било каде.

Е, како, бе, Вилма, не се договоривте во текот на истрагата, туку откако се’ заврши, м? Зарем тежината на извршените кривични дела, Вилма, не ги рангира за затвор од построг тип?

И покроце, де, со „филмот“ за борба со криминалците. Се е веќе видено.

Туку, ич не ми е јасно зошто го одбраа Охрид за да „лежат“. Можеа и Ичичи, или Бечичи… И Водице е убаво. Ете, можеа и во Сплит, на пример. Таму вистински ќе се „изналежеа“ и ќе „уживаа во казните“.

И знаеш што, Вилма… Уште па кога ќе ве слушнам оти таков бил законот, коса ми се крева на глава. Туку ајде терајте, и ти и Лиле и сите други околу тебе, тестирајте не на издржливост.

Никој не им го провери имотот. А, па и што ме чуди… Кога и оној што треба да провери од каде им се парите, оној директорон, е бетер од нив.

Вилма, да беше ова некогаш, во една друга држава, ќе „одмораа“ на Оток, али не на било каков, туку на Голи. И уште многу ќе појдеа оттука. Што судии, што обвинители, што политичари и транзициски профитери и бизнисмени.

Многу наивно делува помислата дека се ова со Оки и Саше ќе помине без забелешки од нам толку посакуваната Европска унија и дека протагонистите ќе поминат туку така.

Вилма, не мислиш сигурно дека Прибе пак нема да ни каже дека имаме кориумпиран и заробен систем, и дека царуваат неправда и неказнивост.

А, па Ковеши ќе има и што да види. На оваа романска хероина на правосудството, која своевремено во затвор испрати над 600 корумпирани политичари, што министри, што сенатори, градоначалници и нивни заменици, а и директори на државни компании и водечки менаџери, не и треба многу за да сфати дека судскиот систем ни е трул.

Зарем вреди, бе Вилма, да се биде алка во синџирот на привилигирани криминалци? Јас мислам дека не вреди… Ама, ти си знаеш.

Илјадници луѓе и стари и млади имавме јасен поглед кон иднината, поглед со јасно утврдени цели… Ама ни го замативте, бе Вилма. Вие од обвинителството и судот. Направивте да ни се потсмеваат, направивте луѓето што истрошија по неколку рала патики и чевли на Шарената револуција да се каат за тоа што го правеле.

За среќа, има тука во Македонијава, Вилма, чесни луѓе. Не се па сите обвинители и судии. Ќе се избориме и со ова.

За крај ќе речам…

Не си ти крива Вилмич. Ниту, пак, Саше е. Уште помалку Оки… Ние сме за стап.

А, тебе началниче, жими се ти кажувам, ич да не ти чуе… И куќа на Женевско да ти направат, за два три дена ќе се заборави. Било, како да не било… Оној директорон кому неодамна ѓомити му правеа претрес со години го спасуваат, не па тебе којшто со пола влада си ортак…

Уживај, началниче, каде и да си!

Голи Оток езеро затвор македонија охрид револуција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра

мај 21, 2026

Француските обвинители бараат седум години затвор за Никола Саркози

мај 14, 2026

Во акцијата за чистење на Женевско Eзеро собрани 36.600 догорчиња и 2,5 тони отпад

мај 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.