Владата утре да ги пушти субвенциите за тутунарите и секој производител до денар да ја добие поддршката, побараа денеска ВМРО-ДПМНЕ и го обвини ресорниот министер Љупчо Николовски за манипулација, велат во соопштение за јавноста од ВМРО-ДПМНЕ
„За разлика од претходните години кога субвенциите ги добиваа првите месеци, тутунарите сега, особено оние од Прилеп, Новаци, Кривогаштани, се уште ги немаат добиено и тоа е огромна, директна штета за илјадници семејства.
Дополнителен револт кај нив предизвика изјавата на Николовски минатата недела, дека субвенциите за тутунот се исплатени. Земјоделците со денови чекаа пред банките, но субвенциите не им се исплатени“, рече денеска Цветан Трипуновски на пред-конференција.
Според него, на повеќе од половина тутунопроизводители се уште не им се исплатени субвенциите.
„Затоа го прашувам министерот, зошто се направи илјадници граѓани да чекаат пред банките за да видат дека субвенции нема?
Апелираме да не си поигрува со тутунопроизводителите и да не ги лаже. Жално е и срамно е илјадници тутунопроизводители, на 40 степени да чекаат со часови пред банките за да сфатат дека се изиграни“, укажа Трипуновски.







