Трик со чија помош Австралиец кој вработува и интервјуира работници лесно го оценува нивниот профил.Се што му треба е шолја кафе и малку трпение.
Имено, Австралиецот Трент Инес со години бил директор на една австралиска софтверска компанија, поради што често имал можност да вработува луѓе.
Во изборот на кандидатот му помогна трикот што го смислил. Тој не е поврзан со знаењето и способноста, туку со ставот, кој е од клучно значење.
„Сакате да бидете сигурни дека имате луѓе кои имаат вистинско чувство на одговорност за своите постапки, почит кон другите и тимска работа во колективот.
Тоа е многу лесно да се утврди“, истакнува Инес.
Потоа поранешниот директор објасни како откривал кој ќе му биде од корист, а кој не.
„Кога некој ќе дојдеше кај мене на разговор за работа, секогаш му ја покажував канцеларијата и го носев во некоја од кујните. Некако таа личност секогаш ќе излезеше од кујната со пијалок“, вели Австралиецот.
Откако ќе прифати пијалок, кандидатот, посочува Инес, се враќа на локацијата за интервју. За време на разговорот, тој постепено ќе го пие својот пијалок, се до крајот на интервјуто.
„Гледав што ќе прави со својата шолја или чаша“, изјави Трент.
Австралиецот објасни дека на крајот од секое интервју му паѓа на ум една работа: „Дали лицето кое е дојдено за работа сака да ја однесе празната чаша назад во кујната?“
Одговорот на ова е целосно заснован на постапките на кандидатот, што во голема мера го води Трент до конечната одлука.
„Можете да развиете вештини, можете да стекнете знаење и искуство, но се се сведува на став, а ставот за кој зборуваме е концептот – измијте ја шолјата за кафе“, објасни Австралиецот.
(Извор: 24часа.хр)







