Најновото откритие на археолозите во Египет во близина на античките рушевини Хелиополис, недалеку од Каиро, е огромна статуа за која сметаат дека би можела да претставува фараонот Рамзес II, еден од најпознатите египетски владетели.
Колос, чија глава е извлечена од кал со булдожер, е со големина од околу осум метри, а ја открила екипа составена од археолози од Германија и Египет.
Калед Набил Осман вели дека статуата е „импресивно откритие“, и дека на локалитетот биле пронајдени осум делови од таа статуа, и делови од уште една.
Според неговите зборови, областа во која е пронајдена статуата, полна е со антиквитети кои се закопани во неа.
„Тоа било главно културно место во античкиот Египет, се споменува дури и во Библијата“, вели тој и додава дека тажна вест е што целата таа област ќе биде исчистена.
Рамзес II владеел со Египет пред повеќе од 3.000 години и за неговото владеење направени се големи градби, чии слики можат да се видат на многу археолошки локалитети ширум земјата.
Една од статуите кои го претставуваат Рамзес II може да се види во Луксор, но и во Абу Симбело во близина на Судан.
Египет е богат со работи од античкиот период, а голем дел од тоа богатство и понатаму е закопано во земја.









