Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Во Прилеп над 200 барања за социјална пензија, првите решенија до крајот на месецов
Локално

Во Прилеп над 200 барања за социјална пензија, првите решенија до крајот на месецов

јули 13, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Голем е интересот за остварувањето на правото за социјална пензија во Прилеп.

„Повеќе од 200 прилепчани на возраст над 65 години, за околу еден месец поднеле барање за остварување на ова право“, вели директорот на Центарот за социјални
работи – Прилеп, Живко Силјаноски.

„Законот стапи во сила од 28 мај. Законот за сигурност на старите лица или попознат како Закон за старосна социјална пензија, и даде можност на една цела категорија лица кои претходно беа слабо работливи, или лица корисници на социјална парична помош, или активни корисници на одредено право, неспособни за работа, да се пријават да го остварат своето право на таканаречената социјална пензија. Законот важи за лица над 65 години. Тие лица имаат надеж дека иднината ќе им биде обезбедена и гарантирана. Со решенијата им обезбедуваме сигурност да земаат по 6.000 денари месечно“, објасни Силјаноски.

Посочи дека има повеќе од 200 поднесени барања, но повеќе од 600 лица се заинтересирани за социјалната пензија и се проверуваат документите.

„Наше е да ги провериме документите. Тие не треба да имаат приход по друг основ, ниту имот над седум декари земја, ниту заштеда преку 70.000 денари, ниту моторно возило и друг со нив кој остварува право на пензија. Едноставно, на сите кои загубиле надеж во иднината, им создаваме можност да го остварат тоа право за прв пат“, рече Силјаноски.

Дејан Чупетрески, социјален работник, нагласи дека најмногу сметаат на социјалната пензија лицата со минимално образование и оние кои немале моќмост да соберат работен стаж.

„Тоа се главно луѓе над 65 години, кои се главно со основно и без образование и во животот не можеле да бидат на пазарот на трудот и со тоа да остварат стаж. Тие луѓе главно егзистирале од работа под наем за да ги остварат своите животни потреби“, рече Чупетрески.

Според надлежните од прилепскиот Центар за социјални работи, ќе се посетуваат руралните средини.

„Имаме соработка со локалните власти да посетиме одредени населени места во општина Кривогаштани, да им објасниме за остварувањето на правото на социјална пензија“, вели директорот на Центарот Живко Силјаноски и додаде за десеттина дена ќе стигнат и првите решенија за социјална пензија.

200 барања Прилеп социјална пензија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026

УХМР со временска најава за продолжениот викенд

октомври 8, 2026

Ведро и студено утро, преку ден сончево и топло

октомври 7, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.