Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје

јуни 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
  • Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините
  • Трамп: Во тек е завршната фаза за постигнување договор со Иран
  • Вучиќ: Не е вистина дека Србија е изолирана, многу европски лидери се мои пријатели
  • Кузеска: СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување
  • Петрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Во црквата „Св.Димитрија“ откриен е живописот на „Страшниот суд“ од Библијата
Култура

Во црквата „Св.Димитрија“ откриен е живописот на „Страшниот суд“ од Библијата

декември 7, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во манастирската црква „Св. Димитрија“ во близина на Велес, екипа на Националниот конзерваторски центар, која неделава интензивно работи на конзервација во внатрешноста во нартексот на црквата на живописот од крајот на 13 и почетокот на 14 век, неделава разоткри значајно откритие дека на него е претставен „Страшниот суд“ од Библијата, единствен со вакво претставување не само во црквите во Македонија туку и во поширокиот регион.

Како што изјави Владо Муковски, конзерватор од Конзерваторскиот центар значајно е што на живописот е откриена претстава на „Страшниот суд“ од Библијата.

„Ова е големо откритие, зошто ваков стар живопис од пред седум столетија со прекрасни совршени цртежи на морскиот свет -риби, октопод, ракчиња и змија досега не е откриен во црквите во Македонија и поширокиот регион. Исто така при истражувањето од пред две и пол години во овој дел од црквата откривме и фреска на „Св Димитрија“ што потврдува дека и првично манастирот бил посветен на „Св Димитрија“,а не на Пресвета Богородица како што тврдеа некои историчари. Да потсетам тогаш првично откривме дел од фреската со ктиторот на манастирот насликан во прекрасна најубава одежда, а кој во рацете држи минијатура на манастирската црква, рече Мукоски.

Според него, значајно е што тука е насликана и камбанаријата на црквата што потврдува дека таа била изградена на почетокот кога била градена црквата, а не била доградувана потоа како што тврдеа некои истражувачи.

„Новина од овие истражувања сега е што ние ги откривме и буквите на Ктиторскиот натпис кои се напишани во пет шест реда, но има две – три букви па нема три – четири. За жал натписот е многу оштетен и затоа засега не успеавме да го откриеме името на ктиторот на манастирот, но се надевам дека наскоро со понатамошните истражувања и тоа ќе го разоткриеме, најави Мукоски.

Истражувањата се финансиски поддржани од Министерството за култура, а во соработка со Народниот музеј од Велес.

„Но добро би било кога оваа финансиска подршка би била поголема, а за да можеме целосно да го разотриеме живописот и натписот, а не работите да го одолговлекуваме во етапи и по неколку години,затоа шро станува збор за значајни откритија, потенцира Мукоски.

Тој појаснува дека станува збор за Византиски симбол – двоглав орел, а кој потоа го преземале останатите народи и само го претставиле на различна позадина, некои на црвена, некои на сина, а некои на бела позадина.

Интересно е што Манастирот „Св Димитрија“ кој е оддалечен на само два километри од Велес, за време на владеењето на Османлиското царство, бил затрупан со земја цели пет века, за да повторно биде откопан во 1855 година.

Манастирот „Св.Димитрија“ е масовно посетен од велешани секој прв петок по Велигден на празникот Источен петок – Балаклија посветен на Пресвета Богородица.

богородица велес византсики димитрија манастир музеј османлиско црква
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје

јуни 9, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026

Бугарија победи на Евросонг 2026

мај 18, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.