Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Груби очекува донесување на законот за ЈО и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ
Македонија

Груби очекува донесување на законот за ЈО и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

февруари 10, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Пратеникот и претседател на собраниската Комисија за европски прашања, Артан Груби очекува донесување на законот за јавно обвинителство ако, како што изјави денеска, текстот кој е веќе доставен во Собранието се совпаѓа со вчера усвоениот на Влада.

Според него, можно е законот да се усвои до среда, во рамки на очекуваните денови, за да се распушти овој парламентарен состав и да се одржат изборите како што беше претходно консензуално договорено кај претседателот Пендаровски, на 12 април.

Груби рече дека во законот има позитивни решенија, дека сите прашања што биле спорни за ЕУ и за земјите-членки се веќе решени, како и дека се надева на поддршка од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Во текстот на законот, дополни, вградени се и забелешките на независните осум пратеници. Треба да се види дали се вметнати и забелешките од ДУИ со оглед дека законот утрово пристигнал во Собранието.

-Ќе треба да го видам текстот, дали е тоа што е договорено синоќа на Влада, дали е тоа што го усогласивме како текст во двата закона и отпосле ќе кажам став во однос на тие два закона, за јавно обвинителство и за Советот на јавни обвинители. Секако дека синоќа заедно со коалициските партнери го усогласивме текстот на законот за јавно обвинителство, но не знам дали е ист текстот што е денеска доставен до Собранието, така што ќе мора да го проверам тоа. Ќе треба да го прочитам, да видам дали е тоа што се договоривме вчера. Ако е тоа, мислам дека ќе завршиме работа во ова Собрание, ќе го усвоиме долгоочекуваниот закон во догледно време за да постигнеме консензуално распуштање на Собранието за да се одржат предвремени избори, истакна Груби во Собранието.

На новинарско прашање дали очекува опструкции од ВМРО-ДПМНЕ, порача дека прво треба да го прочитаат текстот.

-Очекувам прво да го прочитаат законот зашто не верувам дека го имаат прочитано. Законот само што пристигна пред некој час до Комисијата па отпосле ќе биде проследен до сите пратеници. Сметам дека има позитивни решенија ако е останат текстот што го договоривме синоќа. Откако ќе го видат, мислам дека ќе дадат и они позитивно мислење и ќе се придружат на овој текст. Сите прашања што беа спорни за ЕУ и за земјите членки во однос на овој закон се веќе решени. Значи, случаите се веќе пренесени во Јавното обвинителство, случаите се веќе прифатени од судовите, дадени се на истите обвинители, како и доказите се веќе пренесени од СЈО во ЈО. Значи, се што беше спорно во однос на овој закон и потребно да се усвои е веќе решено и тоа им го кажав и на моите холандски пријатели – колеги, а истото го кажав и во Вашингтон и на сите средби коишто ги имав со меѓународната заедница, потенцира Груби.

Тој потсети дека законите за ЈО и за Совет на јавни обвинители треба да се донесат по скратена постапка.

-Прво треба да помине на пленарна седница потребата за скратена постапка за усвојување на овие закони, па после ќе дојде во прво и второ читање во Комисијата и ќе трае два работни дена при што после се проследува законот до пленарна седница каде што ќе треба претседателот Талат Џафери да го стави на усвојување и овој закон што се надевам дека консензуално ќе биде усвоен од сите пратенички групи во Собранието. Што се однесува до комисиската седница, јас сум убеден дека доколку се е во ред ќе успееме да го завршиме целиот процес до среда за да може да се усвои законот во рамки на очекуваните денови и за да се распушти овој парламентарен состав за да се одржат изборите како што беше претходно консензуално договорено кај претседателот Пендаровски, на 12 април, објасни Груби.

Тој утрово имаше среда со делегацијата на Постојаната комисија за европски прашања на холандскиот парламент и од неа, напомена, добил охрабрување  дека нашата држава ги има исполнето условите и заслужува почнување преговори за членство во ЕУ.

актуелно груби закон јо
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.