Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутерес предупреди вчера на дискриминацијата на мигрантите и бегалците и на прогонот на муслимани, оценувајќи дека таквите ставови придонесуваат на јакнење на екстремизмот.
Гутерес тоа го изјави додека американскиот претседател Доналд Трамп се подготвуваше да ги потпише указите за запирање на програмата за прифаќање на бегалци во Соединетите Американски Држави и запирање на издавање визи за државјани на седум муслимански земји.
„Многу ме загрижува дискриминацијата кон мигрантите, бегалците и малцинствата во светот. Исклучувањето на муслиманите го сметам за многу вознемирувачко“, истакна Гутерес во текот на комеморацијата за холокаустот на Општото собрание на ОН.
Меѓу другото, Гутерес истакна дека се „одредуваат нови правила во јавното изразување во кое слободата ја уживаат предрасудите, а вратите се отворени за повеќе екстремизам и омраза“.
Португалскиот дипломат рече дека антисемитизмот, расизмот, ксенофобијата и исламофобијата ги засилуваат популизмот и политичарите кои се користат со страв со собирање на гласови.
„Вашингтон пост“ откри во средата дека Трамп овие денови предвидува со указ на еден месец да го блокира влегувањето на државјани на седум муслимански држави (Ирак, Иран, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен).
Тој, исто така, планира на 120 денови да ја запре програмата за прифаќање бегалци во САД.
Новиот претседател изјави во средата на телевизијата АБЦ дека треба да се дејствува во „лутиот свет“ во кој владее „потполна збрка“.







