Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Денот на шегата низ историјата
Забава

Денот на шегата низ историјата

април 1, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во светот денес се слави Денот на шегите – 1 април, кога луѓето објавуваат лажни вести со цел да ги насмеат другите, или самите да бидат во смешна ситуација. Но, оваа година, како и минатата, во време на пандемијата на коронавирусот, многумина и не сакаат да се шегуваат со тие работи.

Засега не е познато колку луѓе и компании ќе бидат активно вклучени во Денот на шегата, бидејќи многу компании лани одлучија да не учествуваат во првоаприлска шега во измислувањето смешни вести и симпатичните трикови. Но, има и многумина кои сепак ќе се шегуваат. Одамна е познато дека во некои земји, како што се Велика Британија, Австралија и Јужна Африка, измамите се прават само до пладне, а оној што ги прави попладне се нарекува „априлска будала“. Во други земји пак, луѓето се шегуваат преку целиот ден.

По повод денешниот меѓународен Ден на хуморот и шегата, весниците „Дејли експрес“ и „Интернејшнал бизнис тајмс“ потсеќаат на неколку занимливости:

Од 2004 година, 1 април е исто така „Ден на хуморот и фосилите“, кога екологистите одржуваат демонстрации против употребата на фосилни горива.

Во Стариот Рим, фестивалот „Венералија“ се одржувал на 1 април, во чест на божицата Венера.

Првата позната поврзаност меѓу 1 април и шегата е во „Кантербериските приказни“ од Џефри Чосер од Англија, напишани кон крајот на 14. век.

Од 16. век, децата во Франција ја прославувале „априлската риба“ лепејќи слики од риба на грбот на други луѓе. На 1 април 1698 година, многумина биле поканети, а всушност измамени да ја посетат Лондонската кула за годишната свеченост на „Капењето на лавовите“.

На 1 април 1889 година првата употреблива машина за миење садови излегува на пазарот во Чикаго. „Машината мие побрзо од Вашите прислужници“, според создавачката на изумот – Жозефин Кохран.

На 1 април биле основани многу компании, меѓу коишто и производителот на гуми за џвакање – „Риглис“ во 1891., како и „Епл“ 1976 година.

На 1 април 1945., моќно цунами однесе неколку животи, но луѓето од Пацифичките Острови, предупредувањето за опасноста го зедоа како првоаприлска шега.

Меѓу познатите шеги низ поновата историја, е онаа во Би-би-си во 1957 година… Британската телевизиска мрежа објави дека Швајцарците берат шпагети од дрво… Во написот се говореше и за „фактот“ дека напасникот „шпагети крт“ конечно бил истребен. Голем број гледачи ја контактирале уредничката екипа на таа телевизија за да дознаат за можностите за одгледување сопствени „шпагети дрвја“.

Друга попозната шега беше и „изумот“ на хамбургери за левучари… Компанијата „Бургер кинг“ од САД во 1998 година објави оглас за хамбургери за левучари, коишто се направени така што кечапот протекува од десната страна.

Медицинските истражувања, инаку, посочуваат и уверуваат дека смеењето е одлична терапија.1

1 април ден историја шега
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Месечен хороскоп за октомври 2026: Дознајте што ви носат ѕвездите на полето на љубовта, работата и здравјето

октомври 2, 2026

Шестгодишно девојче од Кина го собори женскиот светски рекорд во местење Рубикова коцка

септември 29, 2026

Сиљановска-Давкова по повод Меѓународниот ден на Бошњаците: Посакувам меѓусебно да се почитуваме и разбираме во градењето заеднички дом

септември 28, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.