Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЕКСПЕРТСКО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Осаменоста е закана за демократијата
Здравје

ЕКСПЕРТСКО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Осаменоста е закана за демократијата

март 19, 2024Updated:март 19, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Едно истражување во Германија покажува дека постојат врски помеѓу осаменоста и тенденцијата кон популизам и теориите на заговор.Експертите додаваат дека тоа, сепак, е само една од причините зошто луѓето, посебно младите, се помалку веруваат во демократија.

Во Германија, осаменоста често се опишува како тивка епидемија.

Најновите податоци на Сојузниот завод за статистика покажуваат дека секое шесто лице постаро од десет години често се чувствува осамено – тоа се околу 12,2 милиони луѓе.

Психолозите ја дефинираат осаменоста како воочено несовпаѓање помеѓу посакуваните и вистинските општествени односи и тоа се разликува од социјалната изолација.

Статистиката покажува дека во Германија најмногу погодени се младите: четвртина од младите на возраст од 18 до 29 години велат дека често се чувствуваат осамено.

Министерката за семејство, Лиза Паус, (од Зелените) ја опиша осаменоста како едно од најважните прашања на нашето време, не само поради ризикот за здравјето, вклучувајќи го и повисокиот ризик од срцеви заболувања, мозочен удар, деменција и депресија – туку и поради тоа што ја слабее општествената кохезија.

Студијата „Екстремно осамени“, дел од проектот „Колект“, кој го финансира ова Министерство, сугерира дека осаменоста може да биде закана за демократијата.

Научниците открија врска помеѓу осаменоста и антидемократските ставови: склоност кон популизам, верување во теории на заговор, авторитарни ставови и одобрување на кршење на политичките правила и насилства.

„Тоа не се причинско-последични односи, но постои корелација“, вели Клаудија Ној, социолог и еден од авторите на студијата.

Луѓето кои подолго време се осамени почнуваат да го доживуваат светот понегативно, како помрачен и поопасен – помалку им веруваат на другите луѓе, но и на нивната околина и на демократските институции.

Ова е проблем, смета Ној, бидејќи поддршката за демократијата зависи од тоа колку силно некој се чувствува поврзан со општеството како целина.

„Копнежот за заедница, се разбира, сè уште е многу силен.Во нас, едноставно, е длабоко вкоренето чувството дека веројатно не можеме да преживееме без другите“, рече таа.

Десничарските популистички или десничарски екстремистички партии нудат чувство на заедништво и во исто време овој наратив на страв: „Придружете ни се, тогаш ќе бидете дел од нашата заедница“.

Габриела Гробарцикова (25) вели дека имала 15 години кога првпат се почувствувала осамено.

„Се чувствував дистанцирано од другите луѓе. Чувствував дека има многу луѓе околу мене, но недостасуваше чувството на вистинска поврзаност“, изјави таа за „Дојче Веле“.

Гробарцикова рече дека немала стабилен семеен живот и дека и било тешко да одржува долгогодишни пријателства, но чувството за поврзаност го нашла преку политиката.

Смета дека само благодарение на тоа што нејзините родители се поддржувачи на политиката на левиот центар, таа не развила антидемократски или екстремистички ставови.

„Осаменоста е состојба во која постои силна, неисполнета желба за заедништво.Јас, таа желба ја реализирав преку политички ангажман и активизам, во локалните заедници, во социјалдемократските политички кругови“.

Студијата „Колект“ покажа дека недовербата во демократијата е широко распространета кај младите.

Од 1.008 анкетирани лица на возраст меѓу 16 и 23 години, само 48 отсто сметаат дека во Германија демократскиот систем функционира добро, а 40 отсто веруваат дека политичарите се способни да одговорат на предизвиците на иднината.

Меѓутоа, не постојат емпириски докази кои сугерираат дека младите луѓе денес имаат политички поекстремни ставови од претходните генерации, вели Бјорн Милбрат, социолог и експерт за радикализација меѓу младите во Германскиот институт за млади.

„Денес се стекнува впечаток дека младите стануваат се порадикални.Но, повикувам на претпазливост.Отсекогаш постоеле радикални или екстремистички младински движења“, вели Милбрат за „Дојче Веле“.

Тој потсетува на бранот насилство од страна на десничарските екстремисти во раните деведесетти, после повторното обединување на Германија, и студентското движење во Западна Германија во 1968 година.

Истражувањето покажа, смета Милбрат, дека веројатноста младата личност да се радикализира зависи од повеќе фактори, а не само од осаменоста.

Во тоа може да играат улога социоекономската позадина, нестабилниот живот во семејството, слабо развиеното критичко размислување и изложеноста на мизантропски ставови.

„Не постои само еден фактор. Мислам дека тоа е многу важно да се нагласи затоа што во јавната дебата често има тенденција радикализацијата да се гледа на многу еднодимензионален начин, дека ТикТок е еден од главните фактори кои ги радикализираат младите“, рече тој.

„Но, она што секогаш треба да го кажете е дека луѓето се посебно радикализирани на ТикТок ако веќе се приемчиви за одредени идеологии или ставови“, додаде Милбрат.

Важно е да се биде буден и внимателен по прашањето за екстремизмот меѓу младите, смета Милбрат, укажувајќи на студијата на Шел за младите од 2019 година, која покажа дека околу една третина од младите имаат тенденција кон десничарски популизам.

„Тоа беше многу алармантен резултат и мислам дека сè уште е така. Има избори каде Алтернатива за Германија добива многу значаен процент на млади луѓе. Ова се предупредувачките сигнали што постојано ги добиваме“, рече тој.

Што се однесува до младите, според Милбрат, соочувањето со осаменоста е само еден дел од широкиот спектар на решенија потребни за да се спречи развојот на екстремистички ставови.

Тука се клучни политичкото и граѓанското образование во училиштата, свесноста за историјата на германското нацистичко минато и чувството за влијание внатре во демократските процеси.

Авторите на студијата „Колект“ рекоа и дека политичарите и граѓанските групи мораат да го направат политичкото образование достапно за сите и да создадат повеќе можности за младите да учествуваат во демократскиот процес.

„Мислам дека општеството во целина можете да го направите посвесно – што впрочем значи кога на генерацијата која наскоро ќе биде на моќни позиции ќе и кажете дека нивното мислење не е важно. По тоа прашање може нешто да се направи“, рече Милбрат.

актуелно германија демократија екстремизам млади осаменост радикализам
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.